Безбедност и заштита при работа во хотели со пет ѕвезди и пет ѕвезди супериор во скопскиот регион

Citation APA 7:
Итиќ, М. (2023). Безбедност и заштита при работа во хотели со пет ѕвезди и пет ѕвезди супериор во скопскиот регион [Магистерски труд]. МСУ.

Citation Harvard:
Итиќ, М. (2023) Безбедност и заштита при работа во хотели со пет ѕвезди и пет ѕвезди супериор во скопскиот регион. Магистерски труд. Скопје: МСУ.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

20.12.2023

Citation APA 7:
Итиќ, М. (2023). Безбедност и заштита при работа во хотели со пет ѕвезди и пет ѕвезди супериор во скопскиот регион [Магистерски труд]. МСУ.

Citation Harvard:
Итиќ, М. (2023) Безбедност и заштита при работа во хотели со пет ѕвезди и пет ѕвезди супериор во скопскиот регион. Магистерски труд. Скопје: МСУ.

Abstract

Безбедноста на работното место е сложено поле поврзано со
безбедноста, здравјето и благосостојбата на луѓето при работа. Таа ја
раскажува стратегијата и методите што се поставени за да се обезбеди здравје
и безбедност на вработените на работното место. Целта на овој магистески
труд е да потенцира дека безбедноста на работното место вклучува свесност
на вработените поврзана со знаењето за основната безбедност, опасностите
на работното место, ризиците поврзани со опасностите, спроведување
неопходни безбедносни мерки, т.е. правила, прописи, процедури и планови
дизајнирани со цел да се подобри безбедноста на работното место и да се
минимизираат и да се стави крај на несаканите состојби. За да ја откриеме состојбата за безбедноста и заштитата при работата
во хотелите во пет ѕвезди и супериор со пет ѕвезди во скопскиот регион
спроведовме истражување кое вклучи 110 вработени од овие хотели. За оваа
цел беше креиран структуиран прашалник, составен од 33 прашања, поделени
во 6 групи. Првата се однесува на демографските податоци на испитаникот и
содржи 6 прашања. Следните 4 групи опфаќаат 26 прашања и се однесуваа
конкретно на безбедноста и заштитата на вработените во овие хотели, односно
на општата безбедност во хотелот, на личната безбедност на вработениот, на
квалитетот на процедурите и системите и ангажираноста на менаџментот и
последната група на прашања се однесува конкретно на несреќите и повредите
што најчесто можат да се случат во ваквите хотели. Последната шестта група
се состои од две прашања со можност за одговор од повеќе понудени опции и
се однесува на најнебезбедното место за работа во хотелите и на најголемиот
ризик фактор. Одговорите беа анализирани во SPSS везија 26. Резултатите покажаа дека хотелите овозможуваат безбедна и сигурна
работна средина и за работниците и за гостите, согласно сите четири
анализирани аспекти на безбедноста.

Keywords:

безбедност и заштита при работа (БЗР), хотел, вработен, повреда.