
Опасности на работното место со акцент на психичкото насилство
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Опасности на работното место со акцент на психичкото насилство |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
| Divisions | |
| Date Deposited | 27.12.2023 |
Abstract
Овој магистерски труд се фокусира на опасностите на работното место, со посебен акцент
на психичкото насилство како сериозен и широко распространет проблем. Истражувањето
има за цел да ги идентификува и анализира различните форми на психичко насилство што
се случуваат на работното место, како и да ги истражи нивните негативни последици врз
работниците и организациите. Притоа, првичната намера е да се обезбеди детален преглед
на теоретската основа, што обезбедува разбирање за различните аспекти на психичкото
насилство и неговото влијание врз работната средина. Ова истражување ќе ги идентификува најчестите форми на психичко насилство на
работното место, како што се мобинг, унизување и дискриминација, и ќе ги проучи
нивните ефекти и последици на индивидуално и организациско ниво. Преку квалитативни
и квантитативни методи на истражување, ќе се соберат податоци од различни работни
места и сектори, што ќе обезбеди широко и објективно претставување на проблемот. Од практична гледна точка, ова истражување ќе им овозможи на работниците, организациите и правните инстанци да стекнат подетално разбирање за психичкото
насилство на работното место и неговите последици. Исто така, препораките и
стратегиите за справување со психичкото насилство што ќе бидат разработени на база на
истражувањето, ќе им овозможат на организациите да ја подобрат својата работна средина
и да ги заштитат работниците од психичкото насилство. Придобивката од овој магистерски труд е детално разбирање и анализа на психичкото
насилство на работното место, што ќе донесе свесност за проблемот и ќе ја поддржи
потребата за превенција и интервенции. Истражувањето им овозможува на работниците, 2
организациите и правните инстанци да се ангажираат со проблемот и да развијат
ефективни мерки за предупредување и решавање на психичкото нас
Поимот заштитата при работа, односно безбедноста и здравјето при работа, како збир на
мерки, нормативи и стандарди, пропишани за создавање на безбедносни услови за работа, е уставна категорија и универзално човеково и работно право. Во секојдневието на
работникот, во текот на извршувањето на работните задачи и секојдневната комуникација
доаѓа до појава на мобинг со која работникот се соочува. За да се елимираат сите
последици од настанатиот мобинг треба темелно да се проучат причините кои доаѓаза
појава на мобинг.
Keywords:
Мобинг, заштита при работа, жртва, законска регулатива, психичко
насилство
