Безбедност и здравје при работа во сообраќајно претпријатие

Citation APA 7:
Ефремов, С. (2023). Безбедност и здравје при работа во сообраќајно претпријатие [Магистерски труд]. МСУ.

Citation Harvard:
Ефремов, С. (2023) Безбедност и здравје при работа во сообраќајно претпријатие. Магистерски труд. Свети Николе: МСУ.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

27.12.2023

Citation APA 7:
Ефремов, С. (2023). Безбедност и здравје при работа во сообраќајно претпријатие [Магистерски труд]. МСУ.

Citation Harvard:
Ефремов, С. (2023) Безбедност и здравје при работа во сообраќајно претпријатие. Магистерски труд. Свети Николе: МСУ.

Abstract

Транспортниот сектор е динамичен, брзо променлив и растечки сектор. Проширувањето на Европската унија, ги интензивираше односите со соседните земји
што резултира со менување на навиките за патување и потрошувачка на храна, слободното движење на стоките, како и грижите за животната средина, што придонесе
во текот на последните години да дојде до значителни промени во начинот на работа
на транспортните компании. Ова секако има значително влијание и врз работните
услови на нивните вработени. Овој магистерски труд ја опишува ситуацијата за безбедност и здравје при
работа на европските транспортни работници и дава поглед на очекуваниот иден развој. 9
Работните организациски промени, како и очекувањата на клиентите и
спротивставените барања во растечката услужна економија придонесоа за зголемување
на насилството, расте загриженоста за замор кај транспортните работници, тие сè
повеќе страдаат од стрес и различни мускулно-скелетни нарушувања. Последно, но не
и најмалку важно растењето на бројот на жени и работници мигранти вработени во
транспортниот сектор бара адаптација на работните услови на сè поразновидното
работно население. Ова е причината зошто овој труд ги истакнува прашањата од
интерес за превенција на ризикот и дава препораки за истражување, пракса и следење. Покрај тоа, загриженоста за животната средина во врска со стакленички гасовни
емисии и енергетските ресурси ќе продолжат да имаат големо влијание врз условите во
транспортот. Европските транспортни работници се повисоки на политичката агенда и
ќе се справуваат со предизвиците за безбедност и здравје при работа во годините што
доаѓаат. Во транспортот, поголемиот дел од работните места се со видлив ризик за
професионални несреќи, а при повредите доминираат мажи, бидејќи мажите се во
најголем обем вработени во транспортниот сектор наспроти жените.

Keywords:

Безбедност, здравје, транспортни работници, сообраќај, бучава, незгоди