Влијанието на дигиталната технологија врз социо-емоционалниот развој на децата и младите

Citation APA 7:
Саздева, М. (2023). Влијанието на дигиталната технологија врз социо-емоционалниот развој на децата и младите [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Саздева, М. (2023) Влијанието на дигиталната технологија врз социо-емоционалниот развој на децата и младите. Магистерски труд. Свети Николе: Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

29.02.2024

Citation APA 7:
Саздева, М. (2023). Влијанието на дигиталната технологија врз социо-емоционалниот развој на децата и младите [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Саздева, М. (2023) Влијанието на дигиталната технологија врз социо-емоционалниот развој на децата и младите. Магистерски труд. Свети Николе: Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Изминатите неколку децении човештвото трпи огромни промени. Не се
менува само нашето опкружување, туку и начинот на кој функционираме, размислуваме, работиме, учиме. Целосно се менуваат стилот и темпото на
живот, нашите навики, мозокот. Сè позабрзаниот развој на технологијата остава
неминовна трага не само на сегашноста, туку и на иднината и бара одговори на
многу прашања, меѓу кои: Дали сме пораснати за промените што ги создаваме
како човештво? Како овој вртоглаво˗ брз технолошки развој ќе се рефлектира на
нас, на нашето телесно и душевно здравје, на нашата биологија и психологија и
пред сè на нашите деца и млади кои се иднината на сè?
Бројот на деца и млади кои имаат социјални и емоционални потешкотии
константно расте. Дали и колкава е поврзаноста помеѓу актуелната
дигитализација и нивните социо-емоционални проблеми и проблеми во
однесувањето кои се ризик за појава на сериозни пореметувања во нивниот
понатамошен живот, науката треба што поскоро да открие, а ова истражување
има за цел да помогне во тоа. Досегашните истражувања покажуваат дека социо-емоционалните
проблеми и проблемите во однесувањето имаат тенденција да растат доколку не
се спроведе некаква интервенција. Токму затоа, важно е да се напомене дека
проблематичните однесувања и настани во подоцнежните години не се
случуваат неочекувано или изненадно. Социо-емоционалните и бихевиоралните
потешкотии имаат свое потекло уште од детството и во тие години веќе
проблемот треба да е детектиран и да постои интервенција. Оттука е нужно да
истражиме и разбереме кои се можните интервенции за поддршка на
социјалниот и емоционалниот развој на децата и младите во дигиталната ера и
која е наша неминовност. Употребата на дигиталната технологија е неизоставен дел од
современиот живот. Таа ни овозможува: брз и лесен пристап до информации, подобрена комуникација преку електронска пошта, социјални мрежи, чет˗ апликации, видео повици и други комуникациони алатки што ни овозможуваат
поврзаност со поединци и групи низ цел свет, лесна размена на информации, 5
пораки, идеи, заштеда на време и пари. Дигиталната технологија целосно го
промени начинот на кој се поврзуваме и соработуваме со другите, oвозможи
напредок во учењето и образованието со многу нови можности и во формалното
и во неформалното образование, економски развој со многу нови начини за
работа, итн…

Keywords:

дигитална технологија, образование, деца, млади