
Трговија со луѓе и криумчарењето на мигранти како посебен облик на организиран криминал со кој се соочува општеството во Република Северна Македонија
Citation APA 7:
Генев, С. (2024). Трговија со луѓе и криумчарењето на мигранти како посебен облик на организиран криминал со кој се соочува општеството во Република Северна Македонија [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Генев, С., 2024. Трговија со луѓе и криумчарењето на мигранти како посебен облик на организиран криминал со кој се соочува општеството во Република Северна Македонија. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 30.05.2024 |
Citation APA 7:
Генев, С. (2024). Трговија со луѓе и криумчарењето на мигранти како посебен облик на организиран криминал со кој се соочува општеството во Република Северна Македонија [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Генев, С., 2024. Трговија со луѓе и криумчарењето на мигранти како посебен облик на организиран криминал со кој се соочува општеството во Република Северна Македонија. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Борбата против транснационалниот органзииран криминал налага напредни
стратегии врз основа на докази, кои се базираат на меѓународни рамки. Поимот криминал е латински збор кој значи злосторство. Активностите кои
се проследени со криминалитет се проследени со закон. Организираниот криминал, претставува посебен облик на професионален
криминал кој е реална закана за понатамошен развој на сите сфери на општеството. Организираниот криминал претставува извршување на кривични дела кои се казниви
по закон од страна на злосторнички здруженија заради остварување на профит или
пак со употреба на насилство или користење на посебна положба во општеството со
однапред создаден систем на заштита на гонење. Како една од најосетливите теми кои спаѓаат во криминално дејствие е и
трговијта со дрога и луѓе. Трговијата со луѓе, исто така, позната како модерно
ропство, доби значителен акцент во текот на последните децении. Глобализацијата и
модернизацијата како и транснационалните миграциски трендови продолжуваат да
ги засилуваат и градат економските разлики и да ја зголемуваат ранливоста на
населението. Трговијата не е само кривично дело, таа е многу повеќе од тоа, таа е
организиран криминал, кршење на основните човекови права, негирање на човекот
како битие, модерно ропство. Според толкувањето од страна на Протоколите, трговијата со луѓе вклучува
транспорт на луѓе со и за цел на трудова и сексуална ескплоатација. Протоколите и
мерките вклучуваат три главни цели во својата содржина и тоа: -спречување и борба против трговијата со луѓе, -заштита и помош на жртвите, и
-унапредувње на соработката помеѓу државите. Се ова има за цел да се воспостават и спроведат дефинициите донесени од
страна на законодавството на земјите – членки, како и заштита и помош на жртвите
во трговијата со луѓе.
Keywords:
Организиран криминал, трговија со луѓе, Протоколи, мерки, заштита
