Меѓународна полициска соработка во откривањето и докажувањето на кривични дела од областа на организираниот економски криминал – злоупотреба на јавните фондови на ЕУ и перење пари

Citation APA 7:
Мицова, З. (2024). Меѓународна полициска соработка во откривањето и докажувањето на кривични дела од областа на организираниот економски криминал – злоупотреба на јавните фондови на ЕУ и перење пари [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Мицова, З., 2024. Меѓународна полициска соработка во откривањето и докажувањето на кривични дела од областа на организираниот економски криминал – злоупотреба на јавните фондови на ЕУ и перење пари. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

20.06.2024

Citation APA 7:
Мицова, З. (2024). Меѓународна полициска соработка во откривањето и докажувањето на кривични дела од областа на организираниот економски криминал – злоупотреба на јавните фондови на ЕУ и перење пари [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Мицова, З., 2024. Меѓународна полициска соработка во откривањето и докажувањето на кривични дела од областа на организираниот економски криминал – злоупотреба на јавните фондови на ЕУ и перење пари. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Имајќи предвид дека сторувањето на кривични дела од областа на
организираниот економски криминал и општиот организиран криминал завзема се
повеќе меѓународни димензии, па така инволвираноста и меѓусебната соработка на
институциите кои се надлежни во борбата против овој вид на криминал добива
многу значајна улога. Република Северна Македонија реализира важни активности
во делот на меѓународната полициска соработка во борбата против организираниот
криминал. Во овој контекст Република Северна Македонија е доста активна на
полето на склучени договори и меморандуми за соработка со повеќе европски
институции и тела, кои подетално ќе бидат разработени во овој труд. Како предмет
во овој труд ќе биде меѓународната полициска соработка во откривањето на
кривични дела од областа на организираниот економски криминал, со посебен
акцент на кривичните дела “Перење пари” и “Злоупотреба на јавните фондови на
ЕУ”. Самиот наслов на темата дава една широка димензија за истражување, па во
тој контекст тргнувајќи од дефинирање на општиот организиран криминал,преку
организираниот економски криминал како негова форма ќе се дојде до
меѓународната полициска соработка која има круцијално значење во борбата
против организираниот криминал воопшто. Имајќи предвид дека споменатите
кривични дела имаат меѓународен карактер, од исклучителна важност е учеството
на меѓународната полициска соработка во нивно откривање, гонење и изведување
пред лицето на правдата. Следствено на ова во овој труд подетално ќе бидат
разработени начините преку кои се одвива меѓународната полициска соработка и
телата кои се јавуваат како субјекти во таа соработка.

Keywords:

Меѓународна полициска соработка, организиран
криминал, организиран економски криминал, перење пари,злоупотреба на јавни
фондови на ЕУ, откривање, домашна регулатива, странска регулатива.