Развој на јавната администрација и примената на етиката и етичкото однесување кај вработените во јавната администрација во дел од државите од Азија и Северна Америка

Citation APA 7:
Митева, Н. (2024). Развој на јавната администрација и примената на етиката и етичкото однесување кај вработените во јавната администрација во дел од државите од Азија и Северна Америка [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Митева, Н., 2024. Развој на јавната администрација и примената на етиката и етичкото однесување кај вработените во јавната администрација во дел од државите од Азија и Северна Америка. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Citation APA 7:
Митева, Н. (2024). Развој на јавната администрација и примената на етиката и етичкото однесување кај вработените во јавната администрација во дел од државите од Азија и Северна Америка [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Митева, Н., 2024. Развој на јавната администрација и примената на етиката и етичкото однесување кај вработените во јавната администрација во дел од државите од Азија и Северна Америка. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Компаративната јавна администрација е гранка на јавната администрација која
пред е фокусирана кон компаративната анализа на институциите и административните
процеси Ваквиот компаративниот пристап постоел уште од форморањето на владата. Како специјализирано поле на интерес, значењето на споредбата/компарацијата не
може точно да се следи на еден настан или земја. Она што го знаеме е дека раната
научна работа во поле на зародиш се потпира на знаењето и перспективите со
меѓунационародно потекло. Јавната администрација коегзистира со секој политички режим во секоја држава, како извршна рака на владата за исполнување на нејзините политички цели. Основните
грижи на јавната администрација, од почетокот на нејзиното патување како академска
дисциплина во 1871 година, се насочени околу проучувањето на: (а) структурите на
владата и организациите од јавниот сектор; (б) процеси на формирање и спроведување
на јавните политики; (в) шеми на однесување на бирократијата; (г) екологијата на
јавните организации и (д) интеракциите меѓу државата и граѓаните. Јавната администрација се однесува на агенции/владини тела/органи кои се
јавно финансирани од државата. Јавните политики се артикулација на агенди кои
произлегуваат од консензуалните или мнозинските општествени вредности преку
демократски и државно-граѓански односи, при што правата на граѓаните се различно
наведени во различни политички режими преку закони и устави. Административната историја треба да вклучува геополитичко значење, историски развој и нејзиниот одраз на културата на администрацијата, без разлика
дали земјата има колонијална историја или не, наследство на силна и централизирана
бирократија во однос на долгото историско и имперско минато, цивилно-воени односи
или улогата на војската во јавната администрација, административната и политичката
култура, политизацијата на бирократијата, постоењето доминантна државна идеологија
или не, професионализмот и перцепција за професионализам во јавната
администрација

Keywords:

Јавна администрација, Компаративна јавна администрација, Административни системи, Етика, Култура