
Анксиозност кај родители на деца со деформитети на ’рбетниот столб
Citation APA 7:
Крстевски, А. (2024). Анксиозност кај родители на деца со деформитети на ’рбетниот столб [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Крстевски, А., 2024. Анксиозност кај родители на деца со деформитети на ’рбетниот столб. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Анксиозност кај родители на деца со деформитети на ’рбетниот столб |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 19.06.2024 |
Citation APA 7:
Крстевски, А. (2024). Анксиозност кај родители на деца со деформитети на ’рбетниот столб [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Крстевски, А., 2024. Анксиозност кај родители на деца со деформитети на ’рбетниот столб. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Предметот на истражување во овој труд се однесува на застапеноста на
анксиозност кај родителите на деца со деформитети на ’рбетниот столб во Република
Северна Македонија и нивните ставови кон консултирање на психолошки услуги за
надминување на проблемот со анксиозност. Анксиозноста како емоционален
одговор на родителите чии деца имаат деформитети на ’рбетот може да има
значително влијание врз различни аспекти на животот и здравјето. Чувствата на
загриженост, страв и неизвесност може да доведат до психолошки предизвици.
За анксиозноста кај родителите чии деца имаат деформитетите на ’рбетот
постојат мал број релевантни истражувања во државата и странство и од таа причина
ова истражување е мал придонес кон фондот на научни сознанија со својот
прелиминарен карактер.
Истражувањето се состои од теоретски и емпириски дел. Теоретскиот дел на
истражувањето се базира на анализа и синтеза на теоретските сознанија за
етиопатогенезата на деформитетите на ’рбетниот столб, анксиозните нарушувања, со
особен осврт на анксиозноста која е присутна кај адолесцентите со деформитети
на ’рбетот, како и начините на психолошка помош и поддршка.Емпирискиот дел на
истражувањето се заснова на методот на неекспериментално истражување каде се
применети техники и инструменти со кои се добиени релевантни податоци за
истражувањето.
Врз основа не спроведеното емпириско истражување се утврди постоењена
високо ниво на анксиозност кај родителите на деца со деформитети на ’рбетниот
столб во Република Северна Македонија. Користењето на психолошки услуги од
страна на родителите кои имаат деца со деформитети на ’рбетниот столб е на ниско
ниво. Најголеми бариери за користење на психолошки услуги од страна на
родителите на деца со деформитети на ’рбетниот столб во Република Северна
Македонија се од финансиски аспект.
Keywords:
анксиозност, родители, адолесценти, адолесценција, ’рбетен столб,
сколиоза, кифоза
