Психолошко прилагодување и предизвици во староста и стареењето

Citation APA 7:
Стојковска, Т. (2024). Психолошко прилагодување и предизвици во староста и стареењето [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Стојковска, Т., 2024. Психолошко прилагодување и предизвици во староста и стареењето. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

18.11.2024

Citation APA 7:
Стојковска, Т. (2024). Психолошко прилагодување и предизвици во староста и стареењето [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Стојковска, Т., 2024. Психолошко прилагодување и предизвици во староста и стареењето. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Староста и стареењето сами по себе претставуваат предизвик за секој човек,
физичките, здравствените и визуелните промени кои се неминовни при стареењето
заземаат голем дел од превенирање, лекување и соодветна нега. За разлика од нив
психолошкиот дел кај постарите лица кој ги кординира сите останати процеси во
староста и стареењето е занемарен, а всушност тој е главниот двигател и оној кој го
воспоставува правецот во кој поединецот ќе се движи и колку квалитетно ќе го живее
животот во староста.
Колку е поквалитетно психолошкото прилагодување на човекот по наполнување
на 65 години и колку е подобро прифаќањето на староста во психолошка смисла толку
овој човек ќе успее подобро и поквалитетно да му пристапи на овој период од животот.
Само така ќе успее да се справи со сите предизвици без губење на основната желба за
живот, социјалните контакти и продуктивност во доменот на своите можности.
Несомнено дека староста или таканаречената ,,трета животна доба,, е фаза на секој
човек која се карактеризира со најразлични психолошки промени. Психолошките
промени не се само последица од физичката и здравствената состојба на поединецот
туку се последица и на промените кои со себе ги носи средината во која живеат.
Промената на односот на најблиските, губењето на брачниот партнер, менување на
средината на живеење, финансиската зависност се исто така фактори кои влијаат на
психолошката состојба кај стариот човек.
Со изработка на овој труд сакам да придонесам во научното истражување во
областа на психологијата која се однесува на еден специфичен период од животот на
секој човек ,,старост,, ,животот по 65 години и задоволството од животот во оваа доба.
Земајќи ги предвид промените и факторите кои најчесто влијаат на квалитетот на
живот кај луѓето постари од 65 години, при изработка на овој магистарски труд се
направени прашалници на кои се добиени одговори од страна на испитаниците постари
од 65 години, а кои живеат во сопствен дом или пак дом за стари лица, различно ниво
на образование и различна физичка и здравствена состојба. Прашалниците беа
составени од четири дела: демографски дел, квалитет на живеење, скала за мерење на
задоволството од животот и скала која го мери нивото на осаменост на старите лица.
Од добиените резултати се добиваат заклучоци кои ни даваат насока каде и како
нашиот општествен систем, а и ние како поединци можеме да делуваме, превенираме и2
да придонесеме за што поквалитетни услови за живеење на старите лица и подобар
однос и психолошки пристап за да се олесни и подобри нивниот живот.
,,Времето не e секогаш строг родител, па иако не застанува за ниту едно
од своите деца честопати благо ги допира оние кои добро го искористиле.
Несомнено ги прави стари мажи и жени но им остава срце и дух на млади и
силни луѓе,, Charles Dickens.

Keywords:

старост, стареење, психолошко прилагодување, психологија на
стареењето, животот по 65 година, квалитет на живеење кај старите лица