
Тешка телесна повреда како кривично дело
Citation APA 7:
Миленков, В. (2024). Тешка телесна повреда како кривично дело [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Миленков, В., 2024. Тешка телесна повреда како кривично дело. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 10.10.2024 |
Citation APA 7:
Миленков, В. (2024). Тешка телесна повреда како кривично дело [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Миленков, В., 2024. Тешка телесна повреда како кривично дело. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Насилството, како форма на реакција на човекот кон општеството, претставува
феномен кој е стар колку и човековата цивилизација, но истото со текот на еволуцијата
на општеството доживува своја еволуција и трансформација во начинот на негово
изразување. Тешката телесна повреда, како кривично дело во областа на
насилничкиот криминал, претставува интересна област за истражување, со
тенденција да се истражат и да се добијат сознанија за нејзината историја и
значење, како и за начинот на нејзината апликација во минатото и сегашноста.
Преку оваа магистерска теза ќе го дефинираме проблемот, односно кривичното дело
тешка телесна повреда, ќе ги разгледаме начините на кои ќе го изведеме
истражувањето за оваа тема, ќе ги поставиме целите и хипотезите и ќе дадеме осврт на
оправданоста за научната и општествена вредност на ова истражување.
Тешката телесна повреда како форма на кривично дело во областа на
насилничкиот криминалитет претставува интересен објект за истражување. Оваа појава
носи со себе одредени аспекти кои се значајни за разбирање на нејзината историја и
значење, како и за добивање на сознанија за нејзината апликација во минатото и
контекстот на современоста. Времето и условите во кои живееме се карактеризираат со
честа појава и присуство на различни кривични дела, вклучувајќи ги и тие со
насилнички карактер, меѓу кои спаѓа и тешката телесна повреда.
Првата глава од магистерската теза се фокусира на дефинирањето на проблемот
кој го истражуваме, методoт што го ја користиме за изведување на истражувањето,
целта што сакаме да ја постигнеме преку ова истражување и образложувањето на
научната и општествена важност што ја носи ова истражување.
Keywords:
кривично дело, телесна повреда,правда.
