
Моделот „Големите пет фактори на личноста“ кај онлајн купувањето во контекст на купувачкото однесување на потрошувачите
Citation APA 7:
Петреска, Г. (2024). Моделот „Големите пет фактори на личноста“ кај онлајн купувањето во контекст на купувачкото однесување на потрошувачите [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Петреска, Г., 2024. Моделот „Големите пет фактори на личноста“ кај онлајн купувањето во контекст на купувачкото однесување на потрошувачите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 30.10.2024 |
Citation APA 7:
Петреска, Г. (2024). Моделот „Големите пет фактори на личноста“ кај онлајн купувањето во контекст на купувачкото однесување на потрошувачите [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Петреска, Г., 2024. Моделот „Големите пет фактори на личноста“ кај онлајн купувањето во контекст на купувачкото однесување на потрошувачите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Во моментот, во светот има милијарди потрошувачи, и секој од нив е различен.
Тие пред сѐ се одликуваат со карактеристиките на својата личност кои се причина за
нивното однесување во секојдневниот живот и ситуациите заедно со многу други фактори
тие го градат и своето однесување на пазарот. Врз основа на релативно стабилни фактори
личноста кај секој човек има единствен модел на однесување и размислување. Тие
разлики меѓу потрошувачите многу научници се обиделе да ги дефинираат и развиле
различни модели кои се класифицираат во различни категории.
Сите овие модели се развиени со цел подобро разбирање на луѓето и нивното
однесување. Големите пет моделот, т.е. Голдберговиот модел на „големите
пет“ фактори на личноста е еден од оние модели што е дизајниран да ги вклучи тие
фактори на личноста кои се најважни во животот на луѓето, па затоа и истите се
анализирани кај луѓето како потрошувачи. Тие анализи им помогнаа на истражувачите да
дојдат до заклучок дека личноста на секој човек може да биде споменатиот модел кој
содржи пет фактори, и токму затоа е именуван како „големите пат“, т.е. моделот на
големата петорка.
Споменатите пет фактори ги вклучуваат следните карактеристики на
потрошувачите: екстравертност, согласност, совесност, емоционална стабилност и
интелект. Моделот се заснова на димензии кои ги опишуваат повеќето индивидуални
разлики.
Екстраверзијата се споменува како прв фактор, кој го опишува односот на
човекот со неговата околина со тоа што наоѓа можност да ги задоволи своите потреби.
Екстровертите и интровертите се две спротивни краеви на скалата за екстраверзијата.
Екстровертите се енергични, отворени и социјални луѓе. Имаат имаат одлични
комуникациски вештини и сакаат да доминираат во општеството.
Keywords:
купување. онлајн, потрошувачи.
