ултимодално истражување – најсеопфатна стратегија за разоткривање на сложената природа на човековото однесување

Citation APA 7:
Павловски, Н. (2024). Мултимодално истражување – најсеопфатна стратегија за разоткривање на сложената природа на човековото однесување [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Павловски, Н., 2024. Мултимодално истражување – најсеопфатна стратегија за разоткривање на сложената природа на човековото однесување. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

15.11.2024

Citation APA 7:
Павловски, Н. (2024). Мултимодално истражување – најсеопфатна стратегија за разоткривање на сложената природа на човековото однесување [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Павловски, Н., 2024. Мултимодално истражување – најсеопфатна стратегија за разоткривање на сложената природа на човековото однесување. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Мултимодалност (современа методологија која силно се развива во последните десетина години) комбинира разновидни текови на податоци кои обезбедуваат
подлабоко и поцелосно разбирање за тоа како луѓето се поврзуваат со светот околу
нив. Нуди најсеопфатна стратегија за разоткривање на сложената природа на човековото однесување. Тоа е методологија на иднината и во последните години сé
повеќе добива на интензитет.
Со користење на биосензорски системи за следење на очите, изрази на лице
и анкетни прашалници можеме да нурнеме во главите на потрошувачите, да откриеме што предизвикува емоционални реакции и влијае на одлуки за купување –
да ја обликуваме иднината на маркетинг стратегиите.
Биосензорки систем за анализа на израз на лице сé повеќе се користи во
научниот и деловниот свет и неговиот потенцијал е огромен. Нашите изрази на лицето на комуникативен и меѓусебно поврзан начин покажуваат како го перцепираме
светот околу нас. Анализирањето на изрази на лице е како читање мисли во главите
на луѓето. Ако изразите на лицето се анализираат правилно, тие можат да бидат
непроценлив и функционален одредувач на намерите на една личност, без разлика
дали тоа е воопштено однесување или конкретно купување.
Според професорот од Харвард, Џералд Залтман (Gerald Zaltman), 95% од
одлуките за купување се случуваат на потсвесно ниво. Во процесот на донесување
одлука за купување одреден производ, иако атрибутите на производот се важни,
начинот на кој тие се соопштуваат е она што ја прави сета разлика.
Продавање производ на наши клиенти значи да ги убедиме во вредноста на
нашиот производ. Како што клиентите го прават секој чекор напред на патувањето
кон одлука за купување, тие сé повеќе и повеќе се уверуваат во атрибутите на производот, а ние можеме да влијаеме на тоа со користење на сет на стратегии. Повеќе,
ако не и сите основни човечки потреби се вртат околу емоциите. Луѓето чувствуваат
емоции и го поткрепуваат со логика: што значи дека емоциите се двигатели на севкупното човечко дејствување. Следствено, емоциите се и двигател на сите одлуки
за купување, а секое купување исполнува потреба.

Keywords:

стратегија, однесување, мултимодално.