Интеракција мозок–компјутер: Движење во нова дигитална ера со емоционална вештачка интелигенција

Citation APA 7:
Нешевски, Ф. (2024). Интеракција мозок–компјутер: Движење во нова дигитална ера со емоционална вештачка интелигенција [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Нешевски, Ф., 2024. Интеракција мозок–компјутер: Движење во нова дигитална ера со емоционална вештачка интелигенција. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

20.12.2024

Citation APA 7:
Нешевски, Ф. (2024). Интеракција мозок–компјутер: Движење во нова дигитална ера со емоционална вештачка интелигенција [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Нешевски, Ф., 2024. Интеракција мозок–компјутер: Движење во нова дигитална ера со емоционална вештачка интелигенција. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Повеќе од сто години луѓето се обидуваат да го разберат процесот како до-несуваме одлука (или како треба да донесуваме). Децениски научни и стручни ис-тражувања покажаа дека голем дел од човековата ментална обработка се случува на потсвесно ниво, вклучувајќи ја и одлука што ја преземаме како клиенти и/или потрошувачи. Овие потсвесни процеси објаснуваат зошто во многу случаи не ус-певаме прецизно да го предвидиме сопствениот иден избор1. Честопати, она што мислиме дека го сакаме има мала или никаква пооврзаност со изборот што всу-шност го правиме. „Потрошувачка неврологија“ („Consumer neuroscience”) е нов, современ, иновативен пристап во рамките на маркетинг истражувања, кој многу брзо се развива, чија цел е да го подобри разбирањето на однесувањето на пот-рошувачите користејќи увид и методи од неврологија (компјутерско снимање и анализа на мозочни сигнали). Комбинација од неврологија и потрошувачка психо-логија дава широк спектар на увиди и сознанија од когнитивна неврологија.
Денес, невромаркетингот може да се дефинира како „поле на истражувачки студии што користат методологии на неврологија за да го анализира и разбере па-зарот и економски размени поврзани со човековото однесување“2. Затоа денес, невромаркетингот е поврзан со маркетингот, бидејќи невропсихологијата (neuro-psychology) е тесно поврзана со психологијата. Од друга страна, невропсихо-логијата ја проучува поврзаноста помеѓу човечкиот мозок и когнитивните и психо-лошките функции, додека невромаркетингот го истражува однесувањето на потро-шувачите и клиентите од перспектива на мозокот

Keywords:

мозок, компјутер, интеракција.