Какви се ставовите и искуствата на наставниците од предметна и одделенска настава за примена на библиотерапијата во воспитно-образовниот процес кај училишни деца

Citation APA 7:
Стефановска, Х. (2024). Какви се ставовите и искуствата на наставниците од предметна и одделенска настава за примена на библиотерапијата во воспитно-образовниот процес кај училишни деца [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Г. Р. Державин“].

Citation Harvard:
Стефановска, Х., 2024. Какви се ставовите и искуствата на наставниците од предметна и одделенска настава за примена на библиотерапијата во воспитно-образовниот процес кај училишни деца. Магистерски труд. Свети Николе: Меѓународен славјански универзитет „Г. Р. Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

29.01.2025

Citation APA 7:
Стефановска, Х. (2024). Какви се ставовите и искуствата на наставниците од предметна и одделенска настава за примена на библиотерапијата во воспитно-образовниот процес кај училишни деца [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Г. Р. Державин“].

Citation Harvard:
Стефановска, Х., 2024. Какви се ставовите и искуствата на наставниците од предметна и одделенска настава за примена на библиотерапијата во воспитно-образовниот процес кај училишни деца. Магистерски труд. Свети Николе: Меѓународен славјански универзитет „Г. Р. Державин“.

Abstract

Темата на овој магистерски труд гласи „Какви се ставовите и искуствата на наставниците
од предметна и одделенска настава за примена на библиотерапијата во воспитно-
образовниот процес кај училиштни деца?„ и истиот е поделен во два дела.
Во првиот дел од трудот преку четири поглавја е прикажан теоретскиот дел за поимот
библиотерапија. Првото поглавје говори општо за библиотерапијата како поим и
дефиниција и какви видови библиотерапија постојат. Второто поглавје ја обработува
библиотерапијата низ призма на воспитно-образовниот процес во секојдневната настава,
инклузивната настава, работа со надарени деца и библиотекарска дејност во училиштето.
Третото поглавје ја проучува библиотерапијата како начин кој влијае врз животното
сценарио на една личност. Четвртото поглавје дава теоретска основа за видови и избор на
книжевно дело во библиотерапевтска дејност.
Во вториот дел од трудот е прикажано практично методолошко истражување спроведено
на наставници од основни училишта во Република Северна Македонија. Цел на ова
истражување е придонес во нови сознанија за примена на библиотерапијата кај деца од
училишна возраст, како дел од воспитно-образовниот процес, и поттикнување на интерес
кон оваа тема кај учителската популација, а воедно и поттикнување на имплементација на
библиотерапијата како алатка за работа со деца. Резултатите од истражувањето
потврдуваат дека наставниците во одделенска настава повеќе ја применуваат
библиотерапијата од наставниците во предметна настава, наставниците кои имаат стручна
поддршка од стручните соработници во училиштето повеќе ја применуваат
библиотерапијата во воспитно-образовниот процес од оние кои немаат.

Keywords:

библиотерапија, деца, наставници