
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 23.04.2025 |
Abstract
Предмет на магистерскиот труд е правото на правично судење и владеењето на
правото, со посебен акцент на неговата примена во кривичната постапка. Направена е
компаративна анализа на Македонија со европски земји. Спроведено е емпириско
истражување на 50 испитаници преку анкетен прашалник кој опфаќа 10 прашања, насочени
кон идентификување на перцепциите и искуствата на граѓаните за функционирањето на
правосудниот систем и примената на правото на правично судење.
Целта на истражувањето е да се анализираат правната рамка, судската практика и
системските слабости кои влијаат врз правичното судење, како и да се утврдат конкретни
предизвици во неговата практична примена.
Добиените резултати укажуваат на сериозни недостатоци во функционирањето на
кривичната постапка. Истражувањето покажува дека 89.7% од судските пресуди во
кривичните постапки завршуваат со осудителна одлука, што отвора прашања за
непристрасноста и рамноправноста на страните во постапката. Само 7% од граѓаните имаат
доверба во правосудниот систем, што е поразителен податок и јасен индикатор за системска
недоверба и перцепција за политички влијанија и корупција.
Крајните резултати нагласуваат дека неопходни се темелни реформи во кривичната
постапка, со цел да се обезбеди ефикасно и транспарентно спроведување на правичното
судење, како и да се зајакне довербата на граѓаните во судските институции. Во идни
истражувања, се препорачува посеопфатна анализа на примената на алтернативни методи
за решавање на спорови, дигитализација на судските процеси и воведување редовни обуки
за судиите во насока на усогласување со европските стандарди за правично судење.
Keywords:
правично судење, доверба, осудителни пресуди
