Меѓуврсничка деликвенција и влијанието на родителите врз децата деликвенти

Citation APA 7:
Брдарова, Д. (2025). Меѓуврсничка деликвенција и влијанието на родителите врз децата деликвенти [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Брдарова, Д., 2025. Меѓуврсничка деликвенција и влијанието на родителите врз децата деликвенти. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

09.10.2025

Citation APA 7:
Брдарова, Д. (2025). Меѓуврсничка деликвенција и влијанието на родителите врз децата деликвенти [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Брдарова, Д., 2025. Меѓуврсничка деликвенција и влијанието на родителите врз децата деликвенти. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет

Abstract

Неприфатливото однесување на младата популација од секогаш привлекувала посебно
внимание во сите општества. Оваа појава кај младите е присутна уште многу одамна,
Малолетничката деликвенција претставува комплексен социјално-психолошки феномен
кој се манифестира преку криминални или асоцијални активности кај лица под
полнолетство. Овој проблем е мултидимензионален и се корени во интеракцијата на
различни фактори, вклучувајќи ги општествените, економските, образовните и семејните
детерминанти. Современите истражувања укажуваат дека семејството игра клучна улога
во формирањето на личноста и однесувањето на адолесцентите, при што несоодветните
родителски практики, нарушените семејни односи и недостатокот на емоционална
поддршка се значајни предиктори за развојот на девијантно однесување.
Главната цел на овој труд е да ги истражи факторите кои придонесуваат за појавата на
малолетничка деликвенција, со посебен фокус на: Влијанието на семејната средина –
Воспитните методи, структурата на семејството (нуклеарно vs. пошироко семејство) и
квалитетот на меѓучовечките односи. Родовите и културолошките разлики – споредбена
анализа на македонските и турските адолесценти во контекст на агресијата и врсничките
интеракции. Улогата на училишната средина и меѓуврсничката интеракција – зголемената
распространетост на булингот и неговиот ефект врз ескалацијата на антисоцијалното
однесување како и превентивни мерки за спречување на ваквото неприфатливо
однесување, да се направи развој на превентивни програми во училиштата, фокусирани
на емоционална интелигенција и ненасилна комуникација. Интервенции насочени кон
семејствата, особено во мултиетничките заедници, вклучувајќи билингвални родителски
работилници. Политики за рана интервенција кои ги надминуваат институционалните
бариери преку меѓусекторска соработка (образование, социјални служби, локални
власти).

Keywords:

Деликвенција, родители, деца.