
Стилови на родителство и анксиозност кај полнолетни лица кои живеат со родители
Citation APA 7:
Митревски, М. (2025). Стилови на родителство и анксиозност кај полнолетни лица кои живеат со родители [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Митревски, М., 2025. Стилови на родителство и анксиозност кај полнолетни лица кои живеат со родители. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Стилови на родителство и анксиозност кај полнолетни лица кои живеат со родители |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 12.11.2025 |
Citation APA 7:
Митревски, М. (2025). Стилови на родителство и анксиозност кај полнолетни лица кои живеат со родители [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Митревски, М., 2025. Стилови на родителство и анксиозност кај полнолетни лица кои живеат со родители. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Во денешното време, социоекономските услови драстично ги промениле начинот на
кој младите се развиваат и живеат. Се забележува дека луѓето остануваат да живеат со
своите родители дури и по влегувањето во зрела доба. Во некои култури тоа е сосема
нормално и прифатено, додека во други често се гледа како знак на поголема економска или
психолошка зависност. Ова создава дилема за тоа како таквите услови на живеење влијаат
на квалитетот на животот и менталното здравје кај младите.
Дури и кога децата се возрасни и ги прават првите чекори кон самостоен живот,
родителите и понатаму имаат најважна улога во понатамошниот развој. Во оваа модерна
ера родителите не се само набљудувачи, туку активни учесници во процесот. Голем број на
родители во овој период се пред предизвик и постигнување на баланс, како да бидат тука за
своите деца иако се веќе возрасни, а во исто време да не им ја нарушуваат нивната потреба
за автономија и самостојност.
Кога полнолетните лица продолжуваат да живеат со своите родители, често се
наоѓаат во една сложена ситуација каде што границата меѓу детството и зрелоста се
занемарува и нарушува. Иако формално се возрасни, нивниот секојдневен живот сè уште се
одвива во рамките на семејниот систем, што понекогаш го прави потежок процесот на
психолошка одделеност и формирање на сопствена индивидуалност. Особено кога
родителите практикуваат голема, па дури и прекумерна контрола, ги ограничуваат личните
слободи, не ги вреднуваат доволно способностите или ја условуваат љубовта, се создава
средина која не го поттикнува здравото чувство на автономија. Во вакви услови, младите
лица се изложени на повисоко ниво на анксиозност. Оваа состојба се манифестира со
физички симптоми, потешкотии при носење одлуки, страв од осуда, избегнување социјални
ситуации и внатрешно чувство на напнатост. Додека пак од друга страна, кога стиловите на
родителство се засновани на емоционална топлина, отворена и јасна комуникација,
охрабрување на независноста и постојана поддршка, тие делуваат како заштита од5
анксиозноста. Ова важи дури и кога младите остануваат со родителите поради реални
причини, како што се економските предизвици или грижа за семејството.
Животот на возрасното лице кое живее со родителите може да биде вистински извор
на удобност и сигурност, но тоа важи само ако меѓу нив постои взаемна почит, признание
на зрелоста и почитување на неговото право да биде само свој човек. Ако овие основни
работи не се почитуваат, тогаш односите може да станат причина за постојан стрес,
конфликти и чувство на збунетост и дезориентација кај овие лица. Најголем ризик има кога
возрасните лица не се охрабруваат да ги преземат одговорностите за својот живот во свои
раце, туку остануваат зависни од ставовите и одобрувањето на родителите, во пасивна
улога.
Овој труд јасно покажува дека стиловите на родителство претставуваат важен
фактор во психолошкиот развој и по завршувањето на детството, особено кога младите лица
сè уште живеат со своите родители. Препознавањето на овој континуитет е клучно за
подобро разбирање и третман на анксиозноста кај оваа група луѓе.
Keywords:
анксиозност, возрасни лица, родителство, живот со родители, семејна
динамика, родителско влијание.
