Застапеност на корупцијата во институциите во Република Северна Македонија и нејзино влијание врз довербата на граѓаните

Citation APA 7:
Секулоска, Љ. (2025). Застапеност на корупцијата во институциите во Република Северна Македонија и нејзино влијание врз довербата на граѓаните [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Секулоска, Љ., 2025. Застапеност на корупцијата во институциите во Република Северна Македонија и нејзино влијание врз довербата на граѓаните. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

02.12.2025

Citation APA 7:
Секулоска, Љ. (2025). Застапеност на корупцијата во институциите во Република Северна Македонија и нејзино влијание врз довербата на граѓаните [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Секулоска, Љ., 2025. Застапеност на корупцијата во институциите во Република Северна Македонија и нејзино влијание врз довербата на граѓаните. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Корупцијата претставува една од најголемите закани за функционалноста на
институциите и за демократијата во РС Македонија. Овој труд го истражува степенот
на застапеност на корупцијата во државните институции и нејзиното влијание врз
довербата на граѓаните. Преку анализа на релевантни податоци, на извештаи и на
истражувања, се идентификуваат најкорумпираните сектори, како што се судството,
полицијата и здравството и се испитува како оваа состојба ја нарушува
транспарентноста и отчетноста на јавните служби.
Истражувањето покажува дека високото ниво на корупција директно ја
поткопува довербата на граѓаните во институциите, со што се создава циклус на
недоверба и на неефикасност. Исто така, се разгледуваат компаративни примери од
соседните земји и успешни практики од други држави кои можат да послужат како
модел за справување со овој проблем.
Трудот завршува со предлог-мерки насочени кон јакнење на
институционалниот интегритет, подобрување на законските рамки и кон зголемување
на јавната свест за последиците од корупцијата. Во заклучокот се истакнува дека само
преку колективни напори и со посветеност може да се воспостави повисоко ниво на
доверба и на отчетност во македонското општество.

Keywords:

корупција, институции, доверба на граѓаните, РС Македонија,
транспарентност, отчетност.