Втора генерација крипто валути, (Proof-of-Stake), консензус протокол и паметни договори

Citation APA 7:
Митковски, С. (2025). Втора генерација крипто валути, (Proof-of-Stake), консензус протокол и паметни договори [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“.

Citation Harvard:
Митковски, С., 2025. Втора генерација крипто валути, (Proof-of-Stake), консензус протокол и паметни договори. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

13.01.2026

Citation APA 7:
Митковски, С. (2025). Втора генерација крипто валути, (Proof-of-Stake), консензус протокол и паметни договори [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“.

Citation Harvard:
Митковски, С., 2025. Втора генерација крипто валути, (Proof-of-Stake), консензус протокол и паметни договори. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“.

Abstract

Криптовалутите доживеаа експоненцијален раст во 2018 година, привлекувајќи многу
инвеститори кои се надеваат на обновен раст и брза краткорочна добивка. Втората
генерација криптовалути доаѓа како надградба на првата генерација. Криптовалутите
што овозможуваат лесна конструкција на паметни договори и децентрализирани
апликации се нарекуваат криптовалути од втора генерација. Целта е да се користи
блокчејн технологијата во некои други можности што одат надвор од опсегот на
дигиталните валути. Гледајќи само од аспект на дигиталните валути, целта беше да се
подобри скалабилноста, или да се зголемат и забрзаат трансакциите. Најпознатиот
претставник на втората генерација криптовалути е Ethereum. Оваа платформа воведува
децентрализирани апликации и таканаречени паметни договори, технологии што ги
прават трансакциите побрзи и побезбедни. Ethereum е криптовалута од втора
генерација, воведена во 2015 година. Нејзин творец е руско-канадскиот програмер
Виталик Бутерин, кој се откажал од колеџ за целосно да се посвети на развојот на
етереум, верувајќи дека блокчејн технологијата ќе го промени светот. Тој не се
сомневал во моќта на блокчејн и сите негови придобивки, туку видел дека главната
книга (список на сите трансакции на мрежата на Биткоин) има многу поголем
потенцијал отколку само складирање на трансакции. Тој верувал дека блокчејн може
да реши проблеми што се јавуваат во деловните и животните ситуации. Тој исто така
сфати дека му е потребен послободен блокчејн што ќе им овозможи на потенцијалните
програмери да градат апликации користејќи блокчејн технологија, бидејќи сегашниот
дизајн на блокчејнот на Биткоин не нуди многу простор за развој. Тој го спореди
велејќи дека мрежата на Биткоин е како калкулатор, а Етереум е како паметен телефон.
Тој исто така ја основа Фондацијата Етереум, која е група програмери и аналитичари
кои работат на проширување на мрежата и основната технологија.

Keywords:

Криптовалути, договори, економија.