
Преговорите и медијацијата како механизми за надминување и решавање на граѓанско-правни спорови
Citation APA 7:
Митрески, Ѓ. (2025). Преговорите и медијацијата како механизми за надминување и решавање на граѓанско-правни спорови [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“.
Citation Harvard:
Митрески, Ѓ., 2025. Преговорите и медијацијата како механизми за надминување и решавање на граѓанско-правни спорови. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Преговорите и медијацијата како механизми за надминување и решавање на граѓанско-правни спорови |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 29.11.2025 |
Citation APA 7:
Митрески, Ѓ. (2025). Преговорите и медијацијата како механизми за надминување и решавање на граѓанско-правни спорови [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“.
Citation Harvard:
Митрески, Ѓ., 2025. Преговорите и медијацијата како механизми за надминување и решавање на граѓанско-правни спорови. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“.
Abstract
Прифаќајќи ги модерните процеси на преговори и медијација како начин на однесување
и едни од најкарактеристичните можности за вонсудско решавање на граѓанско-правните
спорови, кои се силно изразени во западниот свет и во земјите во Европската Унија, РС
Македонија ги доживува и ги промовира своите реформи во правосудниот систем. Овие
длабоки реформи отвораат можности со постапките на преговори и медијација да се
воспостави реална комуникација во сите инволвирани страни во даден граѓанско-правен
спор и истите активно да учествуваат во пронаоѓање на заемно прифатливо решение кое ќе
биде поволно за сите страни.
Постапките на преговарање и медијација и нивната соодветна примена овозможуваат брзо
надминување и решавање на граѓанско-правните спорови и гарантираат ефикасност,
ефективност, неутралност, постапување во согласност со Законот за медијација,
подзаконските акти и правилниците кои ги определуваат, непристрасност и висок степен на
доверливост. Токму, со донесувањето на Законот за медијација во 2006 година, во РС
Македонија за прв пат во историјата преговорите и медијацијата се воспоставени и
институционализирани како алатки за алтернативно, вонсудско решавање на споровите,
особено на граѓанско-правните спорови, додека со формирањето на Комората на
медијатори на РС Македонија само се потврди фактот дека во чекор ги следиме искуствата
на земјите членки на Европската Унија.
Всушност, предметот на проучување на магистерскиот труд ќе биде насочен кон тоа да се
утврди до кој степен медијацијата и преговорите се применуваат практично при
надминувањето и решавањето на граѓанско-правните спорови, какви се објективните
можности страните да ги решат споровите по мирен пат, дали преку овие процеси може да
се обезбеди побрз и поекономичен пристап до правдата, дали судиите се доволно обучени
за нивна примена и како да се направи поголема афирмација на преговорите и медијацијата
за поволностите кои ги нудат како вонсудски начини на решавање на граѓанско-правни
спорови од различен вид.
Крајната цел на магистерскиот труд треба да ни ја потврди главната хипотеза дека
зголемувањето на стапката на користење и искористување на потенцијалните предности што ги носат преговорите и медијацијата, како меѓусебно зависни и тесно поврзани
механизми за алтернативно решавање и надминување на споровите, особено на граѓанскоправните спорови, ќе придонесе за поширока примена и на преговорите и на медијацијата,
а страните вклучени во процесот ќе имаат поголема свесност и волја за постигнување на
заеднички компромис. Очекувањата од овој магистерски труд се да се дефинираат
можностите, начините и условите за нивна практична примена и да се детерминираат
теоретските знаења кои се надеваме дека во целост ќе бидат практично имплементирани и
применети во правосудниот систем на РС Македонија, особено при надминувањето и
решавањето на граѓанско-правните спорови.
Keywords:
преговори, медијација, спорови, граѓанско-правни спорови, Закон за
медијација, Комора на медијатори на РС Македонија, правосуден систем на РС Македонија
