Онлајн решавање на спорови: Компаративна анализа помеѓу Република Северна Македонија, Малта и Косово

Citation APA 7:
Секулоска, К. (2025). Онлајн решавање на спорови: Компаративна анализа помеѓу Република Северна Македонија, Малта и Косово [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“

Citation Harvard:
Секулоска, К., 2025. Онлајн решавање на спорови: Компаративна анализа помеѓу Република Северна Македонија, Малта и Косово. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

28.02.2025

Citation APA 7:
Секулоска, К. (2025). Онлајн решавање на спорови: Компаративна анализа помеѓу Република Северна Македонија, Малта и Косово [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“

Citation Harvard:
Секулоска, К., 2025. Онлајн решавање на спорови: Компаративна анализа помеѓу Република Северна Македонија, Малта и Косово. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Свети Николе“.

Abstract

Со појавата и експанзијата на дигиталните технологии, како и зголемената употреба на
интернетот во секојдневниот живот, традиционалните форми на решавање на спорови, како
што се судските процеси и алтернативните методи како медијацијата, сè почесто се
соочуваат со предизвици поврзани со ефикасноста, трошоците и достапноста до правда. Во
овој контекст, Онлајн решавањето на спорови (Online Dispute Resolution – ODR) се појавува
како современо средство кое не само што го олеснува пристапот до правдата, туку и
претставува значаен чекор кон дигиталната трансформација на правосудниот систем. ODR
подразбира примена на технологии и онлајн платформи за посредување, арбитража и други
облици на решавање на спорови, и тоа не само во сферата на е-трговијата, туку и во домени
како што се трудовите односи, заштитата на потрошувачите и прекуграничните трансакции.
Овој магистерски труд има за цел да изврши компаративна анализа на степенот на развој,
регулаторните рамки, технолошките капацитети и практичната примена на ODR во три
различни држави: Република Северна Македонија, Малта и Косово. Изборот на овие држави
не е случаен – додека Малта се издвојува како мала, но динамична држава со активен
пристап кон дигитализација на правдата, Косово служи како регионален пример со сличен
социо-економски и правен контекст на оној во Македонија. Анализата на нивните искуства
овозможува појасна проценка на предностите, пречките и можностите кои стојат пред
Северна Македонија во процесот на воведување и унапредување на ODR.
Во однос на методологијата, трудот се базира на повеќестран пристап. Примарниот метод
е компаративниот, преку кој се споредуваат правните, институционалните и технолошките
аспекти на ODR во избраните земји. Дополнително, се користат и догматскиот метод за
анализа на правната рамка, аналитичко-синтетичкиот метод за поврзување на емпириските
податоци и законската регулатива, како и социолошкиот метод за анализа на влијанието на
ODR врз граѓаните и правните субјекти. Преку интернет-истражување се прибираат2
актуелни податоци и извештаи од релевантни институции, додека дијалектичкиот метод
овозможува синтеза и критичка евалуација на резултатите.
Истражувањето потврдува дека ODR е повеќе од алтернатива – тој претставува потребна и
неизбежна алатка за унапредување на правосудниот систем, особено во земји каде што
пристапот до правда е ограничен од финансиски и географски фактори. Во анализираните
случаи, Малта демонстрира способност за прилагодување на меѓународните стандарди
преку иновативни правни решенија, додека Косово покажува умерен напредок, но се
соочува со институционални и инфраструктурни слабости. Македонија, пак, иако поседува
основа за развој на вакви системи, и натаму се соочува со предизвици како што се недоволна
регулативна покриеност, слаба технолошка поддршка и ограничена јавна свест за
предностите од дигитализирано решавање на спорови.
Заклучоците од трудот покажуваат дека за успешно воведување на ODR во Македонија
потребна е не само технолошка надградба, туку и широка едукација на граѓаните и
професионалците, реформа на законската рамка, како и институционална поддршка за
развој на ефикасна, доверлива и транспарентна дигитална правосудна инфраструктура.
Особено внимание треба да се посвети на етичките и безбедносните аспекти на дигиталното
посредување, со оглед на потенцијалните ризици поврзани со приватноста на податоците и
процесната праведност.
Во крајна линија, трудот има амбиција да понуди конкретни препораки и насоки за
стратешко поставување на ODR системот во Северна Македонија, имајќи ги предвид
искуствата на другите земји, но и специфичниот локален контекст. На тој начин, овој труд
не само што придонесува за научната дебата околу дигиталната трансформација на правото,
туку и нуди практични решенија за еден од клучните предизвици на современото
правосудство – пристапноста до ефикасна и праведна разрешница на споровите во
дигиталната ера

Keywords:

Онлајн решавање на спорови (ODR) Дигитална правда Електронска
трговија Правна рамка Компаративна анализа Северна Македонија Малта Косово Пристап
до правда Технолошка инфраструктура