Новите предизвици на меѓународното казнено право

Citation APA 7:
Стефаноски, Ф. (2025). Новите предизвици на меѓународното казнено право [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Стефаноски, Ф., 2025. Новите предизвици на меѓународното казнено право. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

24.12.2025

Citation APA 7:
Стефаноски, Ф. (2025). Новите предизвици на меѓународното казнено право [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Стефаноски, Ф., 2025. Новите предизвици на меѓународното казнено право. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Овој магистерски труд го анализира развојот и современите предизвици на
Меѓународното казнено право (МКП), со фокус на улогата на меѓународните судови и
механизмите за обезбедување правна одговорност. Трудот ја следи историската еволуција
на МКП, од Нирнберг и Токио, преку ад хок трибуналите за поранешна Југославија и
Руанда, до воспоставувањето на Меѓународниот кривичен суд (МКС) како постојан форум
за гонење на најтешките злосторства против човештвото, воени злосторства и геноцид.
Посебно внимание е посветено на два современи конфликти: Палестина и Украина.
Во случајот на Палестина, МКС се користи како инструмент за правна и политичка
легитимација, кој овозможува на Палестина да се позиционира како субјект на
меѓународното право. Во Украина, МКС станува средство за мобилизација на
Меѓународната заедница и притисок врз агресорот, со симболички и практичен ефект врз
глобалната перцепција на конфликтот.
Истражувањето покажува дека МКП денес се соочува со парадокс: и покрај
ограничувањата, зависноста од политичка волја и тешкотиите во спроведувањето,
Меѓународното казнено право останува моќен инструмент кој ја обликува меѓународната
правна и морална рамка. Трудот заклучува дека иднината на МКП зависи од неговата
способност да ја комбинира правдата со политиката, обезбедувајќи дека злосторствата
против човештвото нема да останат неказнети и дека меѓународниот поредок ќе продолжи
да ја поттикнува одговорноста и владеењето на правото.

Keywords:

Меѓународно казнено право; меѓународни злосторства; Меѓународен
кривичен суд; одговорност на поединци; принцип на комплементарност; воени
злосторства; злосторства против човештвото; геноцид; агресија; современи вооружени
конфликти; Украина; Израел; имплементација на меѓународното право; предизвици на
глобалната правда; меѓународна судска соработка.