
Принципите на административното право и нивната примена во јавниот сектор
Citation APA 7:
Мојаноски, Р. (2025). Принципите на административното право и нивната примена во јавниот сектор [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Мојаноски, Р., 2025. Принципите на административното право и нивната примена во јавниот сектор. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Принципите на административното право и нивната примена во јавниот сектор |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 19.2.2026 |
Citation APA 7:
Мојаноски, Р. (2025). Принципите на административното право и нивната примена во јавниот сектор [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Мојаноски, Р., 2025. Принципите на административното право и нивната примена во јавниот сектор. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Трудот го разгледува применувањето на принципите на административното право во
јавниот сектор на Република Северна Македонија и нивната усогласеност со европските
административни стандарди. Теоретскиот дел утврдува дека законодавната рамка во
државата формално ги опфаќа основните принципи на европското административно право,
поточно, законитост, транспарентност, отчетност, ефикасност и морална одговорност.
Емпирискиот дел, заснован врз анкетен прашалник спроведен онлајн преку Google Forms
на примерок од педесет испитаници, има за цел да ја испита перцепцијата на граѓаните за
тоа дали овие принципи се реално присутни во практиката на јавната администрација.
Резултатите покажуваат дека постои видлива разлика меѓу нормативната усогласеност
и нејзината реална примена. Поголемиот дел од испитаниците сметаат дека институциите
само делумно ги почитуваат законите, а транспарентноста и ефикасноста не се на
задоволително ниво. Истовремено, најголем процент од анкетираните укажуваат дека
усогласувањето со европските стандарди е од голема важност за развојот на државната
администрација и за зајакнување на јавната доверба.
Трудот заклучува дека јавната администрација се наоѓа во процес на формална
хармонизација со европските стандарди, но практичната примена на принципите сè уште
бара континуирани институционални и етички подобрувања. Утврдени се насоки за
унапредување на административната култура, јакнење на одговорноста на службениците и
воспоставување транспарентен, ефикасен и доверлив јавен систем во согласност со
европските практики на добро управување.
Keywords:
административно право; европска унија; хармонизација;
транспарентност.
