Влијание на перцепцијата на стрес врз појавата на анксиозност во средната доба

Citation APA 7:
Васелич Милосављевич, Ј. (2026). Влијание на перцепцијата на стрес врз појавата на анксиозност во средната доба [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет

Citation Harvard:
Васелич Милосављевич, Ј., 2026. Влијание на перцепцијата на стрес врз појавата на анксиозност во средната доба. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

14.4.2026

Citation APA 7:
Васелич Милосављевич, Ј. (2026). Влијание на перцепцијата на стрес врз појавата на анксиозност во средната доба [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет

Citation Harvard:
Васелич Милосављевич, Ј., 2026. Влијание на перцепцијата на стрес врз појавата на анксиозност во средната доба. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Овој труд ја истражува поврзаноста помеѓу перцепцијата на стрес и појавата на
анксиозност и депресија кај лицата во средна доба. Периодот на средно доба претставува
значаен преоден период од животот, обележан со низа психолошки, социјални и биолошки
промени кои често предизвикуваат зголемено чувство на стрес. Начинот на кој поединците
ги доживуваат и толкуваат животните предизвици, односно нивната перцепција на стресот,
игра клучна улога во одржувањето на психичката стабилност и во превенцијата од појава
на негативни емоционални состојби.
Истражувањето тргнува од претпоставката дека различното ниво на перцепција на
стрес влијае врз степенот на анксиозност и депресија. Лицата кои се соочуваат со
долготраен или интензивен стрес, а не поседуваат соодветни стратегии за справување,
имаат поголема веројатност да развијат анксиозни или депресивни симптоми. Напротив,
оние кои имаат позитивна перцепција, висока самодоверба и чувство на контрола врз
ситуациите, полесно се адаптираат и покажуваат психолошка отпорност. Ваквиот пристап
укажува дека не е секојдневниот стрес тој што директно го нарушува менталното здравје,
туку начинот на кој личноста го доживува и интерпретира.
Резултатите и теоретските согледувања потврдуваат дека средната доба е критичен
период во кој се испреплетуваат личните, семејните и професионалните фактори кои го
оформуваат психолошкиот одговор на стресот. Разбирањето на врската меѓу перцепцијата
на стрес, анксиозноста и депресијата овозможува подобра превенција и развој на стратегии
за ментално здравје кај возрасната популација. Овој труд има за цел да придонесе кон
подлабоко разбирање на психолошките механизми на справување со стресот во средната
доба и нивната улога во одржување на емоционалната рамнотежа и животното задоволство

Keywords:

анксиозност, депресија, перцепција на стрес и средно доба.