Нарцисоидно растројство на личноста и Траума од нарцисоидно насилство во Интимните/брачните релации – нарцистичка Траума: студија на случај

Citation APA 7:
Спирова, С. (2026). Нарцисоидно растројство на личноста и траума од нарцисоидно насилство во интимните/брачните релации – нарцистичка траума: Студија на случај [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Спирова, С., 2026. Нарцисоидно растројство на личноста и траума од нарцисоидно насилство во интимните/брачните релации – нарцистичка траума: Студија на случај. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

7.5.2026

Citation APA 7:
Спирова, С. (2026). Нарцисоидно растројство на личноста и траума од нарцисоидно насилство во интимните/брачните релации – нарцистичка траума: Студија на случај [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Спирова, С., 2026. Нарцисоидно растројство на личноста и траума од нарцисоидно насилство во интимните/брачните релации – нарцистичка траума: Студија на случај. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Овој труд го истражува нарцисоидното растројство на личноста (НРЛ) и траума од
нарцисоидното насилство во интимните/брачните релации – нарцистичка траума.
Истражувањето претставува компаративна клиничка анализа преку теоретските
перспективи на шест теоретичари од областа и три студии на случај, со фокус на искуствата на
три жени во подолгорочни брачни релации со сопрузи со нарцисоидна патологија. Користејќи ја
методологијата на студија на случај, истражувањето презентира три детални случаи – Ана,
Марија и Мира, нагласувајќи ја мултидимензионалната природа на нарцисоидното насилство,
кое ги вклучува психолошката, емоционалната, социјалната, финансиската и спиритуалната
сфера од животот на жртвите.
Поради природата на нарцисоидното насилство со кое е таргетиран секој сегмент од
животот на жртвата, студијата има холистички пристап и ги интегрира теоретските увиди и
перспективи на шест признати теоретичари од оваа област: Отто Кернберг (Otto Kernberg),
Џудит Херман (Judith Herman), Ерих Фром (Erich Fromm), Александер Ловен (Alexander Lowen),
Сем Вакнин (Sam Vaknin) и Пијетро Брунелли (Pietro Brunelli). Работата на Кернберг ги
расветлува релационите динамики и емоционалната дестабилизација; Херман обезбедува
теоретска и практична рамка за разбирање на траумата и заздравувањето; Фром ја проучува
социјалната и релационата контрола; Ловен ги нагласува соматските последици од хроничен
стрес; Вакнин нуди детална анализа на механизмите на манипулација и измама; и Брунели ги
концептуализира кумулативните ефекти од нарцисоидното насилство, како синдром на
нарцистичка траума.
Наодите откриваат конзистентни обрасци помеѓу трите случаи: манипулација преку
суптилни техники на измама – гаслајтинг, триангулација, родителска алиенација, изолација од
социјалната поддршка, финансииска контрола, техники на микроменаџирање на секојдневниот
живот, спиритуално поткопување и креирање длабоки психолошки и соматски последици.
Студијата демонстрира дека нарцисоидното насилство е систематско, прикриено и хронично, со
долготрајни последици и ефекти кои ја надминуваат интимната сфера и ги опфаќаат сите
сегменти од животот на жртвата – фамилијарна, социјална и професионална сфера.
Истражувањето ја нагласува важноста од раното препознавање на овој тип на насилство,
клиничките интервенции кои се базирани на информираност за траумата, како и холистичка
поддршка за преживеаните. Препораките вклучуваат интегрирање на психолошката, социјалната
и телесната грижа, поддржување во ресоцијализацијата и спроведување на понатамошно
истражување за долгорочните последици од нарцисоидното насилство. Трудот придонесува кон
подлабоко разбирање на НРЛ – поврзаната релациона траума, нудејќи како теоретски поглед,
така и практични насоки за клиничарите и истражувачите.

Keywords:

нарцисоидно растројство, личност, синдром, нарцистичко насилство, траума,
интимни, брачни релации, контрола, доминација, психолошка, емоционална манипулација,
грижа, информираност за траума