
Локалната самоуправа во земјите членки на Еу, компаративен осврт и анализа на Република северна македонија, претендент на Земја членка во европскиот совет
Citation APA 7:
Јакимовска, Б. (2026). Локалната самоуправа во земјите членки на ЕУ, компаративен осврт и анализа на Република Северна Македонија, претендент на земја членка во Европскиот совет [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Јакимовска, Б., 2026. Локалната самоуправа во земјите членки на ЕУ, компаративен осврт и анализа на Република Северна Македонија, претендент на земја членка во Европскиот совет. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 4.6.2026 |
Citation APA 7:
Јакимовска, Б. (2026). Локалната самоуправа во земјите членки на ЕУ, компаративен осврт и анализа на Република Северна Македонија, претендент на земја членка во Европскиот совет [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Јакимовска, Б., 2026. Локалната самоуправа во земјите членки на ЕУ, компаративен осврт и анализа на Република Северна Македонија, претендент на земја членка во Европскиот совет. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Овој труд ја анализира локалната самоуправа како клучен елемент на
демократското управување и децентрализацијата во современите европски држави, со
посебен фокус на моделите на локална самоуправа во земјите членки на Европската
Унија и позицијата на Република Северна Македонија како земја кандидат за членство.
Истражувањето ги опфаќа поимот и историскиот развој на локалната самоуправа,
политиките на децентрализација, значењето на Европската повелба за локална
самоуправа, како и механизмите за имплементација на правото на ЕУ на локално ниво.
Во трудот се прави систематски преглед на различни модели на локално
управување, вклучувајќи унитарни децентрализирани држави, федерални и
регионализирани системи, како и деволуцискиот модел. Посебно внимание се
посветува на институционалната автономија, распределбата на надлежностите,
финансиската самостојност, надзорот врз локалната власт и демократската
легитимност на локалните органи.
Компаративната анализа се темели на релевантни европски индикатори и
извештаи, кои овозможуваат споредливост помеѓу националните системи и оценување
на степенот на децентрализација и ефикасноста на локалното управување. Во тој
контекст, се анализира и правната и институционалната рамка на локалната
самоуправа во Република Северна Македонија, со цел да се согледа нејзината
усогласеност со европските стандарди.
Трудот придонесува кон продлабочено разбирање на улогата на локалната
самоуправа во процесот на европска интеграција и во зајакнувањето на демократските
капацитети на државата.
Keywords:
локална самоуправа, децентрализација, Европска Унија,
компаративна анализа, Република Северна Македонија,
