
Сликата за сопственото тело и самодоверба Кај лица кои следат интернет трендови на Исхрана
Citation APA 7:
Велковска, М. (2026). Сликата за сопственото тело и самодоверба кај лица кои следат интернет трендови на исхрана [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Велковска, М., 2026. Сликата за сопственото тело и самодоверба кај лица кои следат интернет трендови на исхрана. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Сликата за сопственото тело и самодоверба Кај лица кои следат интернет трендови на Исхрана |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 13.7.2026 |
Citation APA 7:
Велковска, М. (2026). Сликата за сопственото тело и самодоверба кај лица кои следат интернет трендови на исхрана [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет.
Citation Harvard:
Велковска, М., 2026. Сликата за сопственото тело и самодоверба кај лица кои следат интернет трендови на исхрана. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Во денешното општество, социјалните медиуми и мрежи го имаат трансформирно
начинот на комуникација, споделување и дознавање на информации и начинот на
меѓусебно поврзување. Секако, сето ова се однесува и на темата здравје и исхрана. И
така, социјалните мрежи и интернетот, станаа места за споделување на трендови во
исхраната, интернет диети, совети за здравје и исхрана. За жал, сите овие нешта,
честопати се практикуваат од страна на многу лица. Истражувањата покажуваат дека
негативната слика за сопственото тело и ниската самодоверба го зголемуваат ризикот
од следење и прифаќање на потенцијално нездрави и несоодветни трендови во
исхраната. Овој труд најпрво дава теоретски преглед на поимите самодоверба, слика за
сопственото тело, и практикувањето на трендови во исхраната, а потоа преку
емпириско истражување сака да ја открие поврзаноста помеѓу сликата за сопственото
тело, самодовербата и ризикот од следење и прифаќање на потенцијално нездрави и
несоодветни трендови во исхраната.
Врската меѓу овие три варијабли се истражува прво преку теоретскиот осврт, и
заклучоци од релевантни истражувања, а потоа и преку емпириско истражување
спроведено на примерок од лица над 18 години, се анализираат поврзаностите меѓу
овие три варјабли. Добиените резултати укажуваат на поврзаност помеѓу сликата за
телото и практикувуањето на диети, а самодовербата покажува слаба, и статистички
незначајна поврзаност, само кај помладите испитаници.
Keywords:
слика за сопственото тело, интернет диети, трендови во исхрана,
самодоверба
