Злоупотреба на бензодиазапини во Република Северна Македонија

Citation APA 7:
Бојковска, К. (2026). Злоупотреба на бензодиазепини во Република Северна Македонија [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет

Citation Harvard:
Бојковска, К., 2026. Злоупотреба на бензодиазепини во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

DOI

Subjects

Divisions

Date Deposited

2026-06-01

Citation APA 7:
Бојковска, К. (2026). Злоупотреба на бензодиазепини во Република Северна Македонија [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет

Citation Harvard:
Бојковска, К., 2026. Злоупотреба на бензодиазепини во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Злоупотребата на бензодиазепини претставува значаен јавноздравствен и психосоцијален проблем, кој во последните децении добива сè поголемо внимание како на глобално ниво така и во Република Северна Македонија. Иако бензодиазепините првично беа воведени како побезбедна алтернатива на барбитуратите, со поширок терапевтски индекс и помал ризик од фатално предозирање при изолирана употреба, нивната долготрајна и неконтролирана примена доведува до развој на толеранција, зависност и сериозни психофизички последици.
Трудот има за цел теоретски и емпириски да ја анализира злоупотребата на бензодиазепини во Република Северна Македонија, со посебен осврт на психолошките фактори кои придонесуваат за започнување и одржување на нивната употреба, како и на клиничките, социо-психолошките и здравствените ризици поврзани со долготрајната терапија.
Во теоретскиот дел се обработуваат историскиот развој на седативно-хипнотичните лекови, преминот од барбитурати кон бензодиазепини, нивната фармаколошка класификација, механизам на дејство преку модулација на GABA_A рецепторите, како и нивната медицинска примена во третманот на анксиозни нарушувања, панично растројство, генерализирано анксиозно растројство, несоница, епилептични напади и алкохолна апстиненција. Посебно внимание е посветено на ризиците од толеранција, синдром на апстиненција, когнитивни нарушувања, како и на опасноста од комбинирана употреба со алкохол и опиоиди.
Методолошкиот дел ги дефинира проблемот на истражување, целите, хипотезите, варијаблите, како и применетите методи, техники и инструменти за прибирање и обработка на податоците. Истражувањето е спроведено врз соодветен примерок, со цел да се утврди степенот на употреба и злоупотреба на бензодиазепини, мотивите за нивно користење, присуството на психолошки тешкотии (анксиозност, депресија, несоница) и информираноста на испитаниците за можните ризици.
Во аналитичкиот дел се прикажани и интерпретирани резултатите од истражувањето, кои укажуваат дека стресот, хроничната анксиозност, несоницата и недоволната психолошка поддршка се значајни фактори поврзани со продолжена употреба на бензодиазепини. Дополнително, се констатира недоволна едукација за ризиците од зависност и апстиненцијални симптоми, како и потреба од појасни клинички протоколи за рационално пропишување.
Заклучоците од трудот укажуваат на потребата од интегриран пристап кој вклучува рационално фармаколошко третирање, психоедукација на пациентите, засилена улога на психолошките терапии и подобра координација меѓу здравствените професионалци.

Keywords:

бензодиазепини, злоупотреба, зависност, толеранција, анксиозност, несоница, предозирање, психолошки фактори, Република Северна Македонија