
Губење на самодовербата и влијанието на стресот кај личностите во долготрајни токсични врски
Крамар,Џ., 2024, Губење на самодовербата и влијанието на стресот кај личностите во долготрајни токсични врски
Abstract
Овој труд е почеток на емпириско истражување на токсичните љубовни врски. Опишани се неколку основни ставки: опишани се карактеристиките на токсичните љубовни врски, однесувањата во токсичните врски, како токсичните однесувања во врските и стратегиите за справување се поврзани со емоционалниот стрес и посттрауматскиот раст, и кои се начините и чекорите кон закрепнување и враќање на чувството за себе и кормилото на животот повторно во ваши раце. Подобро кажано, живот со повеќе свесност, самодоверба, внатрешен мир и самољубие, иако искуството на поминување низ токсична врска беше присутно во еден период. Издвоени се теми кои претставуваат токсично однесување во врските, а кои укажуваат дека едниот партнер е најмногу вклучен во токсични однесувања во врската, кои се карактеризираат со моќ, контрола и себичност. Идејата е да се поврзат идеите од популарната култура за токсичните врски – особено токсичните љубовни врски – со концептите што се проучуваат во академската средина и науката за врски. Овој труд, исто така, содржи пресек на литература за токсичните односи меѓу партнерите и го следи и води опоравувањето од стрес, траума и губење на самодовербата во токсичниот однос кон лекување.
Клучни зборови: токсични врски, токсичен партнер, стрес, губење на доверба, врски, злоупотреба, жртва, идентитет, загуба, граници
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 21.3.2024 12:00 |
| Last Modified | 21.3.2024 12:00 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA |
