
Присуство на анксиозност кај родители при комуникација со директор и наставен кадар во основно образование
Ѓорѓиевиќ,Р., 2024, Присуство на анксиозност кај родители при комуникација со директор и наставен кадар во основно образование
Abstract
Анксиозноста е често присутна кај родителите при комуникација со наставниците и директорите на основните училишта. Проблемот може да биде резултат на чувство на инфериорност во однос на вработените во училиштето. Овој магистерски труд ја истражува анксиозноста на родителите за време на комуникацијата со наставниците и директорот на основното училиште. Во различни социјални контексти присуството на анксиозност може да има различно влијание. Целта на истражувањето е да се добие увид во тоа дали постои анксиозност кај родителите за време на овие комуникациски ситуации, како и нејзиното влијание врз квалитетот на комуникацијата помеѓу родителите и воспитно-образовните работници. Методологијата вклучува квалитативен пристап со родители кои имале искуство со овие комуникациски ситуации. Анализата ќе вклучува метод на дескрипција со статистичка обработка на податоците добиени преку анкетни прашалници со цел да се утврди нивото на присутност на родителската анксиозност. Овој истражувачки труд придонесува за разбирање на родителската анксиозност во контекст на образованието и има важни импликации за практиката на комуникација со родителите во основните училишта.
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 26.2.2024 10:30 |
| Last Modified | 26.2.2024 10:30 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA |
