Глобализацијата како фактор за развој на нови маркетинг алатки во процесот на купување на туристички производи

Петковски,К., 2024, Глобализацијата како фактор за развој на нови маркетинг алатки во процесот на купување на туристички производи

Abstract

Со глобализацијата, вмрежувањето и дигитализацијата, медиумите се повеќе ги преземаат карактеристиките на секоја една компанија. Интернетот стана канал за маркетинг партнерства низ целиот свет, а тоа претставува голем потенцијал за иднината на компаниите. Самиот факт дека Интернетот е глобален медиум значи дека сите негови содржини имаат иста перспектива. Оваа можност за проширување на Интернетот донесе голема шанса за малите компании добро да ги позиционираат своите содржини и услуги и да добијат пристап до потрошувачите ширум светот по ниски трошоци.
Социјалните мрежи и апликациите станаа незаменлив елемент доколку сакаме да бидеме дел од социјалната заедница. Ова претставува одличен сигнал за брендовите и компаниите да користат активна комуникација со корисниците. Создадена е двонасочна комуникација, во која корисниците се ангажирани да ги кажат своите пофалби или критики за брендот, а за компаниите тоа е повратна информација како да го подобрат својот бренд.
Социјалните мрежи се алатка која им овозможува на корисниците да се забавуваат, информираат или едуцираат на едно место. Додека на почетокот претставуваа алатки за комуникација со пријатели или потенцијални пријатели, денес прераснаа во сериозни деловни алатки. Како што глобализацијата го зема својот замав, така и маркетнгот се развива со брзина на светлината. Постојано се појавуваат нови модерни маркетинг трендови, развиен е целосно нов дигитален маркетинг, нови стратегии, услови и нови начини на водење бизнис кои го олеснуваат препознавањето на брендот, помагаат при донесување одлуки за купување кај потрошувачите и несомнено го олеснуваат целиот тој процес.
Клучни зборови: глобализација, Интернет, социјални мрежи, бренд, маркетинг

Details

Item Type

Master’s thesis

Subjects

Divisions

Depositing User

Date Deposited

9.2.2024 11:00

Last Modified

9.2.2024 11:00

URL

Article Year

Co-Authors