
Влијание на прецепцијата на стрес врз појавата на анксиозност во средната доба
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 14.4.2026 11:00 |
| Last Modified | 14.4.2026 11:00 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA | Веселич, М,Ј., 2025, Влијание на прецепцијата на стрес врз појавата на анксиозност во средната доба |
Abstract
Овој труд ја истражува поврзаноста помеѓу перцепцијата на стрес и појавата на анксиозност и депресија кај лицата во средна доба. Периодот на средно доба претставува значаен преоден период од животот, обележан со низа психолошки, социјални и биолошки промени кои често предизвикуваат зголемено чувство на стрес. Начинот на кој поединците ги доживуваат и толкуваат животните предизвици, односно нивната перцепција на стресот, игра клучна улога во одржувањето на психичката стабилност и во превенцијата од појава на негативни емоционални состојби.
Истражувањето тргнува од претпоставката дека различното ниво на перцепција на стрес влијае врз степенот на анксиозност и депресија. Лицата кои се соочуваат со долготраен или интензивен стрес, а не поседуваат соодветни стратегии за справување, имаат поголема веројатност да развијат анксиозни или депресивни симптоми. Напротив, оние кои имаат позитивна перцепција, висока самодоверба и чувство на контрола врз ситуациите, полесно се адаптираат и покажуваат психолошка отпорност. Ваквиот пристап укажува дека не е секојдневниот стрес тој што директно го нарушува менталното здравје, туку начинот на кој личноста го доживува и интерпретира.
Резултатите и теоретските согледувања потврдуваат дека средната доба е критичен период во кој се испреплетуваат личните, семејните и професионалните фактори кои го оформуваат психолошкиот одговор на стресот. Разбирањето на врската меѓу перцепцијата на стрес, анксиозноста и депресијата овозможува подобра превенција и развој на стратегии за ментално здравје кај возрасната популација. Овој труд има за цел да придонесе кон подлабоко разбирање на психолошките механизми на справување со стресот во средната доба и нивната улога во одржување на емоционалната рамнотежа и животното задоволство.
Клучни зборови: анксиозност, депресија, перцепција на стрес и средно доба.
