
Спроведувањето на планот на менаџмент на промени за подобрување на перформансите на тимот
Details
| Item Type | Master’s thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 30.1.2026 12:00 |
| Last Modified | 30.1.2026 12:00 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA |
Abstract
Денес, постојано сме опкружени со технолошки достигнувања, еволуирачки општествени норми, и најважно од сè, со динамични глобални трансформации. Прилагодувањето кон овие промени е од суштинско значење, не само за опстанок, туку и за раст и развој.
„Да се подобриш значи да се промениш, да бидеш совршен значи често да се менуваш.“ Тоа е цитат од Винстон Черчил со кој се доловува суштината на постојаното подобрување, односно се нагласува важноста на прифаќањето на промените и неуморната потрага по совршенство, бидејќи совршенството не е дестинација, туку континуирано патување.
Оваа студија расчленува 10-месечен план за управување со промени за да ги подобри ниските перформанси на тимот, што е клучен фактор кој влијае на организациската ефикасност, профитабилност и успех. Ефективното управување со промени поттикнува отворена комуникација, професионален раст и развој на вештини, преку ангажирање на вработените и лидерите во поддржувачка работна средина. Студијата ги интегрира теориите за управување со промени, лидерство и организациско учење во мултидимензионална рамка, истражувајќи ја врската помеѓу стратешкото планирање, ефикасноста на лидерството и учењето. Преку увиди од засегнатите страни, тематска анализа и синтеза на содржината, студијата ги истакнува предизвиците за имплементација и нуди практични препораки.
Од студијата произлегоа шест клучни теми, вклучувајќи неусогласеност на лидерството, менаџерска поддршка и организациска култура. Наодите покажуваат дека неусогласеноста на менаџерската поддршка и неконзистентното лидерство значително ја поткопуваат ефикасноста на иницијативите за промени, додека пак организациската култура делува како постојана бариера. Дополнителните пречки, вклучувајќи ја организациската тишина и нееднаквата имплементација, дополнително ја комплицираат трансформацијата. Научените лекции ја истакнуваат важноста на усогласувањето на лидерството, транспарентната комуникација, статешкото планирање и континуираното следење на промените. Овие сознанија нудат практични насоки за организациите кои се стремат ефикасно да управуваат со промените.
Клучни зборови: управување со промени, тимски перформанси, организациска ефикасност, ангажираност на вработените, лидерство, промени, организациско учење.
