
Организираниот криминал во трговијата со бело робје и жената како жртва
Details
| Item Type | Master's thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 6.11.2025 12:30 |
| Last Modified | 6.11.2025 12:30 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA | Садикова, С., 2025, Организираниот криминал во трговијата со бело робје и жената како жртва |
Abstract
Магистерскиот труд за фокус ја има анализата на трговијата со бело робје како форма на организиран криминал, со посебен акцент на жената како жртва. Предметот на истражувањето е елаборирање на структурните, социо-економските и правните аспекти на истиот феномен и улогата на организираните криминални групи во неговото ширење. Целта е да се идентификуваат главните фактори коишто придонесуваат за виктимизација на жените и да се испита ефикасноста на постојните национални и меѓународни механизми за превенција, заштита и санкционирање. Присутна е комбинација на квалитативна и квантитативна методологија, вклучувајќи анализа на законски рамки, судска практика, статистички податоци и релевантни академски публикации. Резултатите укажуваат на тоа дека жените поради родови и економски нееднаквости се најранлива категорија жртви. И покрај постоењето на законска рамка, имплементацијата останува ограничена, а институционалната координација е сèуште недоволна.
