Влијанието на училишната клима врз анксиозноста кај учениците во средното образование

Лазаревска, Л., 2025, Влијанието на училишната клима врз анксиозноста кај учениците во средното образование

Abstract

Трудот ја анализира поврзаноста меѓу училишната клима и анксиозноста кај учениците во средното образование. Во контекст на доцна адолесценција, психолошката благосостојба на младите е чувствителна на фактори, како: безбедноста, односите, наставната практика и институционалната средина. Анксиозноста претставува чест психолошки предизвик што може да влијае врз академските постигнувања и социјалната адаптација на учениците. Целта на ова истражување е да се утврди дали и до кој степен училишната клима делува како заштитен или ризик-фактор за појава и интензитет на анксиозност. Методологијата вклучува употреба на квантитативни (анкети, скали) и дел квалитативни техники, при што ќе се анализираат корелациите и претпоставките во однос на надмоќта на четирите димензии на училишната клима врз анксиозноста. Резултатите имаат научна и практична важност, со потенцијал да понудат насоки за создавање интервенции и предлози за унапредување на училишната клима, како и намалување на анксиозноста кај адолесцентите.