
Правни предизвици при склучување и развод на брак со странци во Република Северна Македонија -компаративна анализа со правните решенија во соседните држави
Јованова, С., 2025, Правни предизвици при склучување и развод на брак со странци во Република Северна Македонија -компаративна анализа со правните решенија во соседните држави
Abstract
Меѓународното приватно право претставува клучен правен механизам во регулирањето на правните односи со странски елемент, особено во доменот на семејното право и склучувањето и раскинувањето на меѓународните бракови. Зголемената мобилност на лицата, глобализацијата и транснационалните движења на населението придонесуваат за зголемен број на бракови меѓу државјани на различни држави, што води кон комплексни правни ситуации кои бараат соодветна правна регулација. Истражувањето се базира на аналитичко-догматска и компаративна метода, со употреба на позитивноправна анализа, како и анализа на судска практика и меѓународни извори. Се користат домашно и странско законодавство, Хашките конвенции, регулативи на Европската Унија и релевантна практика на домашни судови. Овој труд придонесува кон подобро разбирање на современите предизвици што произлегуваат од меѓународните брачни односи, при што нуди конкретни препораки за унапредување на националната регулатива и за приближување кон европските и меѓународните стандарди. Резултатите од истражувањето можат да им послужат на правните професионалци, судиите и законодавецот во насока на обезбедување поголема правна сигурност, предвидливост и заштита на човековите права во контекст на меѓународните бракови. Во овој магистерски труд се анализираат правните предизвици кои произлегуваат од склучувањето и раскинувањето на меѓународни бракови, со акцент на применливото право, меѓународната надлежност на судовите, признавањето и извршувањето на странски судски одлуки, како и улогата на меѓународните договори и регулативи кои ја уредуваат оваа материја. Преку компаративна анализа на законодавствата на Република Северна Македонија и нејзините соседни држави (Србија, Бугарија, Албанија, Грција), се идентификуваат сличностите, разликите и правните празнини, со посебен фокус на постапките за признавање на странски разводи и прашањата за колизија на закони.
Details
| Item Type | Master's thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 9/16/2025 14:21:00 PM |
| Last Modified | 9/16/2025 14:21:00 PM |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors |
