
Организациската култура во мултинационален контекст примерот на фронтекс
Details
| Item Type | Master's thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 16.9.2025 12:20 |
| Last Modified | 16.9.2025 12:20 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors |
Abstract
Овој труд ја истражува организациската култура на Фронтекс, Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, во контекст на нејзината мултинационална и мултикултурна средина. Како Агенција задолжена за управување со надворешните граници на Европската Унија, Фронтекс работи во комплексен пејзаж карактеризиран со различни националности, јазици и културни средини. За да се обезбеди увид во динамиката на организациската култура во овој контекст, истражувањето ја испитува улогата на организациската култура во поттикнувањето на кохезивна и ефикасна работна средина во разновидно опкружување. Со примена на квалитативен истражувачки пристап преку етнографска теренска работа – сеопфатен метод кој комбинира полуструктурирани интервјуа, партиципативно набљудување во подолг временски период и анализа на документи, истражувањето, поддржано со испитување на генерална хипотеза и подхипотези, има за цел да објасни како организациската култура влијае врз ангажманот на вработените, инклузивноста, културната усогласеност и целокупната благосостојба во рамките на Фронтекс.
