Компаративна анализа на законите за државни службеници во република бугарија и република хрватска со осврт кон контролата и надзорот во работата

Арсовска,О., 2025, Компаративна анализа на законите за државни службеници во република бугарија и република хрватска со осврт кон контролата и надзорот во работата

Abstract

Оваа студија претставува компаративна анализа на законската регулатива за државните службеници во Република Бугарија и Република Хрватска, со посебен осврт на механизмите за контрола и надзор во нивната работа. Главната цел на истражувањето е да се идентификуваат сличностите и разликите во правната рамка, институционалната поставеност и практичната имплементација на системите за управување со државните службеници во двете земји, земајќи предвид нивниот пат кон членство во Европската Унија и реформите што ги презеле во таа насока. Анализата опфаќа клучни аспекти од правната рамка која ги регулира правата, должностите, постапките за вработување, унапредување и дисциплинска одговорност на државните службеници. Притоа, фокусот е ставен на институционалните и правните механизми кои обезбедуваат отчетност, транспарентност и ефикасност во јавната администрациjа . Преку споредбена методологија се идентификуваат сличностите и разликите помеѓу двете земји, особено во однос на органите надлежни за контрола, нивните овластувања, како и практичната примена на надзорот во администрациjата. Посебно внимание е посветено на улогата на надзорните тела, како што се инспекциските служби, омбудсманите и антикорупциските институции. Целта е да се согледаат позитивните практики кои можат да послужат како модел за подобрување на контролата и надзорот во јавната администрациjа во други земји од регионот, вклучително и во Република Северна Македонија. .
Резултатите од анализата укажуваат на различен степен на институционална зрелост и ефективност на контролата во двете земји, при што се идентификуваат добри практики кои можат да послужат како модел за понатамошен развој на јавната администрациjа во поширок регионален контекст. Истражувањето придонесува кон унапредување на разбирањето за важноста на ефективниот надзор и контрола како алатки за зголемување на отчетноста и ефикасноста во државната служба.

Details

Item Type

Master's thesis

Subjects

Divisions

Depositing User

URL

Article Year

Co-Authors