
Притворот како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во кривична постапка
Тасев,Н., 2025, Притворот како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во кривична постапка
Abstract
Личната слобода како една од основните и најзначајни слободи на човекот, по својата суштина претставува сигурност на човекот во однос на државната власт и се сфаќа како забрана на властите своеволно да ја одземат, па гаранциите од произволно ограничување и лишување од слобода се содржат во многубројни меѓународни документи. Кога станува збор за кривичната постапка воопшто, еден од основните меѓународно правни стандарди е присуството на обвинетиот во постапката. Присуството на обвинетиот во кривичната постапка е важно, а произлегува од фактот дека кривичната постапка се води против индивидуално одредено лице, а во современата кривична постапка прифатено е како општо правило – должност на обвинетиот да присуствува на кривичната постапка. Присуството на обвинетиот е неопходно и поради реализација на основните начела на кривичната постапка. Но, не се ретки ни ситуациите во пракса обвинетиот да не се јави на поканата или на некој друг начин да биде недостапен на органите. Затоа кривичното законодавство предвидува мерки со кои се обезбедува присуство на обвинетиот во кривичната постапка, меѓу кои е мерката притвор, која е тема на овој магистерски труд.
Details
| Item Type | Master's thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 20.10.2025 11:00 |
| Last Modified | 20.10.2025 11:00 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA | Тасев,Н., 2025, Притворот како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во кривична постапка |
