
Трговијата со луѓе како дел од организираниот криминал
Details
| Item Type | Master's thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors | |
| Cite APA | Павлова,Л., 2025, Трговијата со луѓе како дел од организираниот криминал |
Abstract
Овој магистерски труд претставува сеопфатна анализа на трговијата со луѓе како составен дел од организираниот криминал, со посебен фокус на нејзините правни, институционални и социо-економски аспекти. Истражувањето се заснова пред се на правен пристап кој ги опфаќа историските корени на феноменот, неговите современи манифестации, како и комплексната меѓународна и национална регулатива што ја уредува оваа појава. Во рамките на трудот е извршена детална теоретска и нормативна елаборација на поимот, преку осврт на меѓународни инструменти, како и на домашната правна рамка во Република Северна Македонија. Особено внимание е посветено на функционирањето на институциите, нивната улога и капацитет во борбата против трговијата со луѓе, вклучително и специјализираните тела и механизми на превенција и санкција.
Преку анализа на судска пракса, студии на случаи и компаративни примери од европски држави како Италија, Норвешка, Русија, Шпанија и Холандија, трудот настојува да ги прикаже моделите на организирано делување кои ја одржуваат трговијата со луѓе како профитабилен и ниско ризичен криминален бизнис. Додадена е и прецизна разработка на улогата на меѓународни и локални невладини организации, нивниот придонес во поддршката на жртвите и создавањето јавни политики.
Во последниот дел е вклучена и анализа на релевантната судска практика на Европскиот суд за човекови права во контекст на член 4 од Европската конвенција за човекови права, со осврт на прашања поврзани со експлоатација, заштита и одговорност на државите. Истражувањето завршува со методолошка рамка, резултати, анализа на хипотези и препораки за унапредување на борбата против трговијата со луѓе.
