Психосоцијални фактори и индивидуална ранливост

Димовски,М., 2025, Психосоцијални фактори и индивидуална ранливост

Abstract

Психосоцијалните фактори играат клучна улога во формирањето на индивидуалната ранливост, односно во способноста на поединецот да се справи со стресни ситуации, психолошки и физички предизвици. Иако биолошките и генетските предиспозиции имаат своја улога, психосоцијалните фактори како што се социјалната поддршка, семејните и меѓучовечките односи, работната средина, како и индивидуалните стратегии за справување со стресот, значително влијаат на развојот на ранливоста кај поединецот.
Овој труд ќе ги разгледа различните психосоцијални фактори, како што се емоционалната интелигенција, социјалниот статус, социјалната поддршка и стиловите на справување со стресот, и ќе го истражи нивниот ефект на индивидуалната ранливост во контекст на различни животни ситуации и фази.
Од ова истражување се очекува да придонесе за подобро разбирање на механизмите на стрес и ранливост, како и за развој на поефикасни интервенции кои ќе ја поддржат адаптацијата и опоравувањето на поединците во различни услови на стрес.

Details

Item Type

Master's thesis

Subjects

Divisions

Depositing User

Date Deposited

12.11.2025 12:30

Last Modified

12.11.2025 12:30

URL

Article Year

Co-Authors

Cite APA