
Квалитетот на семејната интеракција и задоволство од животот, главни причинители за девијантно однесување на лица кои опслужуваат затворска казна
Дораковска,А., 2025, Квалитетот на семејната интеракција и задоволство од животот, главни причинители за девијантно однесување на лица кои опслужуваат затворска казна
Abstract
Основните конструкции кои ќе бидат испитани во ова истражување се заштитните фактори на индивидуално и семејно ниво и задоволството од животот кај младите со проблеми во однесувањето. Заштитните фактори се однесуваат на услови, карактеристики, околности, силни страни и ресурси на поединецот, семејството и пошироката средина која го намалува ризикот за појава на проблеми во однесувањето (Башич, 2009; Walsh, 2003; Khanlou и Wray, 2014), спречуваат понатамошно влошување на состојбата и поттикнуваат или одржуваат здрав развој (Вулиќ-Прториќ, 2002). Со оглед на тоа што во литературата се утврдени бројни семејни и индивидуални заштитни фактори кои водат до добри резултати на индивидуално и семејно ниво (Walsh, 2002; Schwarzer и Warner, 2013), во ова истражување фокусот ќе биде ставен на семејната комуникација, поврзаност и справување со проблеми, семејната вера/духовност и социјалната поддршка на семејството, како три клучни домени на функционирање на семејството и самоефикасноста како клучен заштитен фактор на индивидуално ниво.
Друг важен концепт што ќе го испитува ова истражување е задоволството од животот во целина преку седум домени (материјална состојба, здравје, достигнувања, односи, сопствена безбедност, припаѓање на заедницата и идната безбедност) бидејќи се покажа дека претставува неопходна поддршка за социјалното функционирање и важен психолошки ресурс за постигнување на адаптивен развој (Antaramian, Huebner и Valois, 2008). Задоволството од животот може да се дефинира како когнитивна компонента на субјективната благосостојба (Sousa и Lyubomirsky, 2001), т.е. како мерка на когнитивната проценка на квалитетот на севкупните животни околности во кои живее поединецот (Anderson, Dubois, Leoncikas и Sandor, 2012).
Во трудот што следува теоретски ќе бидат опфатени повеќе области. Прво ќе бидат дефинирани и разјаснети клучните поими: заштитните фактори на индивидуално и семејно ниво и задоволството од животот. Потоа ќе бидат објаснети резултатите од досегашните истражувања на оваа тема, по што ќе биде даден детален увид на резултатите од ова истражување. Поточно, ќе се утврди (не)постоење на разлики во заштитните фактори на поединецот (општа самоефикасност) и ниво на семејство (семејна комуникација, поврзаност и справување со проблеми, семејна вера/духовност и социјална поддршка на семејството), како и задоволство од животот во целина и индивидуалните домени кај младите со проблеми во однесувањето поврзани со родот.
Details
| Item Type | Master's thesis |
|---|---|
| Subjects | |
| Divisions | |
| Depositing User | |
| Date Deposited | 10.10.2025 12:00 |
| Last Modified | 10.10.2025 12:00 |
| URL | |
| Article Year | |
| Co-Authors |
