Mегуврсничка деликвенција и влијанието на родителите врз децата деликвенти

Брдарова,Д., 2025, Mегуврсничка деликвенција и влијанието на родителите
врз децата деликвенти

Abstract

Неприфатливото однесување на младата популацја од секогаш е привлекувала посебно внимание во сите општества. Оваа појава кај младите е присутна уште многу оддамна, Малолетничката деликвенција претставува комплексен социјално-психолошки феномен кој се манифестира преку криминални или асоцијални активности кај лица под полнолетство. Овој проблем е мултидимензионален и се корени во интеракцијата на различни фактори, вклучувајќи ги општествените, економските, образовните и семејните детерминанти. Современите истражувања укажуваат дека семејството игра клучна улога во формирањето на личноста и однесувањето на адолесцентите, при што несоодветните родителски практики, нарушените семејни односи и недостатокот на емоционална поддржка се значајни предиктори за развојот на девијантно однесување.
Главната цел на овој труд е да ги истражи факторите кои придонесуваат за појавата на малолетничка деликвенција, со посебен фокус на: Влијанието на семејната средина – Воспитните методи, структурата на семејството (нуклеарно vs. пошироко семејство) и квалитетот на меѓучовечките односи. Родовите и културолошките разлики – Споредбена анализа на македонските и турските адолесценти во контекст на агресијата и врсничките интеракции. Улогата на училишната средина и меѓуврсничката интеракција – Зголемената распространетост на булингот и неговиот ефект врз ескалацијата на антисоцијалното однесување. Како и превентивни мерки за спречување на ваквото неприфатливо однесување, да се направи Развој на превентивни програми во училиштата, фокусирани на емоционална интелигенција и ненасилна комуникација. Интервенции насочени кон семејствата, особено во мултиетничките заедници, вклучувајќи билингвални родителски работилници. Политики за рана интервенција кои ги надминуваат институционалните бариери преку меѓусекторска соработка (образование, социјални служби, локални власти).

Details

Item Type

Master's thesis

Subjects

Divisions

Depositing User

Date Deposited

10.9.2025 11:30

Last Modified

10.9.2025 11:30

URL

Article Year

Co-Authors

Cite APA