Потребата за увоз на работна сила во претпријатијата дефинирање на клучните параметри на управувањето со компетенциите на човечките ресурси

Велиновска,Р., 2025, Потребата за увоз на работна сила во претпријатијата дефинирање на клучните параметри на управувањето со компетенциите на човечките ресурси

Abstract

Концептот на компетентност се споменува уште од античко време и неговата дефиниција се менувала со текот на годините. Компетентност значи оспособен или способен, додека компетенциите претставуваат збир на поврзани знаења, ставови и вештини кои влијаат на крајниот резултат. Компетентноста игра значајна улога во квалитетот и системот за управување со квалитетот. Таа е многу важна за организација претставена од луѓе со заеднички цели. Компетентноста на овие луѓе или вработени го олеснува и побрзо постигнувањето на поставените цели. Организациската компетентност е тесно поврзана со интелектуалниот капитал. Многу е важно за една организација да го развива и инвестира во својот интелектуален капитал, да инвестира во своето знаење и во знаењето на своите вработени и на тој начин да постигне одржлива конкурентска предност на пазарот. Организациската компетентност се смета за посебно знаење и вештини што постојат во рамките на организацијата и што ја прават организацијата различна од другите на пазарот. Организациската компетентност најчесто се поврзува со компетентноста на човечките ресурси, што е клучен фактор за успешно работење на секоја компанија, организација или институција. Човечките ресурси се состојат од знаење, способности, вештини и компетенции. Управувањето со човечки ресурси е тежок и постојан процес, а овој труд ќе ги дефинира клучните параметри за управување со компетентноста на овие ресурси.